Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 35 до 42, 43 степени, а УВ ИНДЕКОСТ и понатаму ќе има МНОГУ ВИСОКА вредност (коефициент помеѓу 9 и 10).

Објавил: Владо Марин | 28 јули, 2021 11:00

БИДЕТЕ ВНИМАТЕЛНИ: ОД ДЕНЕС ПА СЕ ДО КРАЈОТ НА ОВАА СЕДМИЦА СЛЕДУВААТ НАЈТОПЛИТЕ ДЕНОВИ

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Од денес, па се до крајот на оваа седмица во Македонија следуваат НАЈТОПЛИТЕ ДЕНОВИ и максимумот на овој ЕКСТРЕМНО ТОПОЛ бран.

Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 35 до 42, 43 степени, а УВ ИНДЕКОСТ и понатаму ќе има МНОГУ ВИСОКА вредност (коефициент помеѓу 9 и 10).

Времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облчаност и со слаб до умерен ветер од променлив правец и истиот повремено на некои места ќе биде ЗАСИЛЕН по интензитет, особено денес попладне и тоа Долж Повардарието.

Исто така денес попладне ќе има услови за ретка појава на краткотраен пороен дожд и грмежи, што значи има услови за краткотрајна и локална нестабилност.

Да напоменеме дека температурите се значително над просекот за овој дел од годината, односно истите се повисоки од просечните дури за околу 10 степени.

  • До крајот на оваа седмица поради транспортот на прашина и песок од Сахара кон нашата територија, и атмосферата ќе биде заматена и со намалена видливост, а времето ќе биде мачно и спарно.
  • Граѓаните се замолуваат да не излегуваат во најтоплиот дел од денот, особено оние хронично болни лица, како и оние постарите и изнемоштените.

Спред сегашните анализи, топлотниот бран ќе се задржи и во првите денови од следната седмица.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Време

Главната причина за кавгата меѓу актуелниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и неговиот претходник Никола Груевски е во личните суети, а не во политичките разлики поврзани со уставните измени, смета првиот лидер на партијата и експремиер Љубчо Георгиевски.

Георгиевски: Груевски претходно ги сруши измените на КЗ што сега му се потребни и за кои плаче

Прашан во интервју за емисијата „Трилинг“ дали владејачката гарнитура е подготвена...