Се појави календар од 2019 година спонзориран од погребално претпријатие „Две солзи“ во Охрид на кое има фотографии од голи жени.

Објавил: Магдалена Стојмановиќ | 26 февруари, 2020 13:52

Бизарна глетка: ПОГРЕБАЛНО ПРЕТПРИЈАТИЕ ОД ОХРИД НА СВОИТЕ БРЕНДОВИ ПОСТАВИЛО ГОЛИ ЖЕНИ

Фото/Текст извор: ©магазин

Смртта е составен дел од животот. Погребите имаат обреден карактер и за тоа постојат луѓе кои нудат услуги за работи кои го сочинуваат обредот. Погребалните претпријатија се директно соочени со смртта на луѓето. Смртта пак е трагичен чин сам по себе. Некој човек завршува со својот живот, исчезнува од за нас познато постоење и имате куп ожалостени луѓе поради тоа. Обично погребалните претпријатија поради природата на дејноста не се рекламираат. Дури и кога постои некаква реклама таа не е атрактивна, туку само се пренесува порака дека постои претпријатие кое нуди погребални услуги. 

Гледајќи ги овие слики некој може да си рече „Ако вакви ме копаат, одма би си умрел“.

Но, искуството покажува дека не е секогаш така. Токму во Македонија, токму во Охрид се појави бизарна глетка на која уште пострашно е тоа што досега никој не изреагирал

Имено за 2019 година погребално претпријатие „Две солзи“ финансирало изработка на календар со нивен бренд на кој има голи или полуголи жени. Не е јасно од каде произлегува ова идеја на луѓето кои го порачале таквиот календар. Дали сакале да понудат нешто атрактивно и креативно? Да намамат корисници на услуги? Или само станува збор за лош вкус и слаба логика, останува да шпекулираме. 

Уште позбунувачко е тоа што погребалното претпријатие „Две солзи“ од Охрид со ваквиот гест на изработка на календарот, претендира да го зголеми и развие бизнисот и профитот

Бизнисот и профитот на погребалните претпријатија се зголемува само доколку има корисници, односно луѓе кои умираат. Дали погребалното претпријатие можеби со убавината на голотијата на женското тело ни кажува колку е добро да се умре и потем да се падне во сигурните раце на погребалното претпријатие „Две солзи“? А со нашето умирање да си го развие бизнисот и профитот?

Изборот на имињата на претпријатијата не треба да се коментира, но зошто солзите во името се баш две?

Не е честа фраза: „Плачам со две солзи“ или „Пуштам две солзи“. Ако го согледате контекстот од календарот, можеби двете солзи алудираат на голите гради на жените – две се и „убави како солза“. Друго логично објаснување нема. 

Загрижувачко е колку е бизарен целиот чин и симболиката во него, но уште по загрижувачко е тоа што календарот е од 2019 година. Повеќе од 1 година оние што го виделе календарот молчат и не реагираат на бизарноста. Дали тоа е поради изгубениот осет за работите или поради мрзливост да се истакне реакција е исто така слободно за шпекулација.  

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Анализа

Така што, јас верувам дека ние до 2030 година можеме да бидеме членка на ЕУ, доколку ги донесеме одлуките коишто се очекуваат од нас. За тоа веќе постои поддршка и отворен прозорец од страна на ЕУ, рече Ковачевски.

Ковачевски мисли дека до 2023 Македонија ќе влезе во ЕУ

Можноста за поголем пристап на кандидатите за членство до европските фондови ја најави...

Гостиварскиот обвинител Ислам Абази кој е избран за нов шеф на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција е непознат за пошироката јавност. Од него тешко се наоѓа фотографија, а нема ниту биографија. Обвинителите немаа прилика од него да чујат ниту детали за тоа како планира да раководи со едно од најважните обвинителства во државата, кое треба да се справи со организираниот криминал и корупција.

Добивај вести на вибер
dobivaj vesti na viber
Според информации од „А1он“ кои ги добивме од неколку обвинители со право на глас, тој немал испратено ниту програма до нив. Во фелата важи за почитуван колега и обвинител. Има учествувано во изработка на низа закони.

За него постоеја шпекулации дека е кандидат на ДУИ. Тој никогаш не се огласи со став. Потекнува од Зајас, селото од каде е и лидерот на ДУИ, Али Ахмети. Новиот шеф, Абази, пријавил и дека неговото семејство поседува куќа во Зајас, исто како и Ахмети.



Според анкетниот лист поднесен во Државната комисија за спречување корупција, тој нема ниту куќа, ниту стан, ниту автомобил. Поседува само долгови и мотор. Од недвижнини, на име на неговите родители, има запишано стан во Кичево и куќата во селото на Ахмети. На свое име, има голф 4, кој го стекнал со купопродажба, вреден скоро пет илјади евра. Абази има и кредит oд четири илјади евра, кој го подигнал во 2009 година. Засега не е познато кога последен пат го ажурирал неговиот анкетен лист и дали има промени.

„А1он“ и вечерва се обиде да исконтактира со сега избраниот шеф, Ислам Абази. Го прашавме колку вистина има во тоа дека е кадар на ДУИ, дали се познава со Ахмети и дали остварувал средби, но и каде може да се види неговата програма доколку истата постои. Тој посочи дека изјава ќе даде утре, кога ќе допатува во Скопје.

„Во текот на утрешниот ден ќе дојдам во Скопје и ќе се договориме за изјава преку прес-службата на ЈОРСМ“, вели Абази за „А1он“, неодговарајќи на ниту едно прашање.

Инаку, Ислам Абази беше избран со 66 гласови, преку гласање на сите обвинители во Македонија. На второ место, со 64 гласови или два гласа помалку, заврши скопскиот обвинител Ермон Незири. Досегашната шефица Вилма Русковска доби петнаесетина гласови, а нејзината колшека Деса Пауновска имаше едноцифрен број на поддршка.

Кој е Ислам Абази, новиот шеф на Организиран криминал и корупција

Гостиварскиот обвинител Ислам Абази кој е избран за нов шеф на Обвинителството за...