Добил тендер во РЕК Битола, па од висок функционер на власта му бил побаран рекет од 250.000 евра во кеш

Објавил: Данаил Михајловски | 25 јули, 2019 9:23

Бизнисмен од Битола пријавил барање на рекет во странска амбасада!?

Фото/Текст извор: ©магазин

На бизнисмен од Битола, кој на почетокот на годинава добил тендер во РЕК Битола, од висок функционер на власта му бил побаран рекет од 250.000 евра во кеш. Имено, во првите три месеци од оваа година битолскиот бизнисмен, чија фирма подолги години има успешна деловна соработка со РЕК Битола, регуларно добил тендер во оваа фирма, за ангажман на неговата механизација. Но, неколку дена после добивањето на тендерот добил повик и му била закажана средба од висок функционер на власта, по потекло од Битола.

Средбата се остварила во Битола при што функционерот, кој не е дел од раководството на РЕК, побарал од битолскиот стопанственик во рок од неколку дена да му даде 250.000 евра во кеш, доколку сака работата на добиениот тендер и исплатата на сработеното да се одвива без проблеми. На таквото дрско барање битолскиот бизнисмен негодувал и барал објаснување, но функционерот од власта бил краток и јасен, средствата се потребни за повисоки цели и мора да се исплатат во кеш.

Амбасадорот на Белорусија, Н.Е. Валериј Бриљов, за време на предавањето на копиите од акредитивите во македонското МНР.

Но, бизнисменот сепак решил да најде начин да не го плати рекетот од 250.000 евра и решил да искористи некои свои лични врски со странски дипломати. Ден после таа непријатна средба со функционерот од власта битолскиот бизнисмен се упатил кон Белград, каде претходно се јавил и веќе закажал средба во амбасадата на Република Белорусија, која нерезидентно ја покрива и Македонија. Заради ургентноста на барањето битолскиот стопанственик бил примен од белорускиот амбасадор Валериј Бриљов, со кого се познавал лично од 2017 година. Битолскиот стопанственик му го објаснил случајот за барањето на огромна сума на рекет во кеш и во име на личното пријателство го замолил амбасадорот на Белорусија да ги искористи своите дипломатски и политички врски во Белград и во Скопје, и да ургира да му помогнат да се спаси да не плати 250.000 евра рекет.

Ова за Магазин го дојави извор близок на битолскиот бизнисмен, кој инсистира на анонимност и се повикува на законот за заштита на укажувачи. На нашиот извор не му е познато со кого во Македонија контактирал белорускиот амбасадор, но тврди дека битолскиот стопанственик, после ургенцијата кај странскиот амбасадор, успеал да не го плати бараниот рекет во кеш.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Скандал

„Фокус“ дознава дека блиска роднина на Арсовска, уште пред да „пукне“ скандалот, со Турците преговарала за милионскиот тендер на „Водовод и канализација“, објавува весникот.

Фокус открива скандалозни тендерски контакти на близок човек на Арсовска со турски понудувач за проектот од 137 милиони евра

Во текст со наслов „МИЛИОНСКИ ТЕНДЕР” неделникот Фокус открива скандалозни информации...

Хаос и тензии во Собранието кои кулминираа со физичка пресметка. Ескалираше кавгата меѓу пратениците од власта и нивните колеги од ВМРО-ДПМНЕ и Алијанса на Албанците кои сакаат да спречат да се донесе законско решение да не се парализира работата на судовите, Министерството за труд предлага продолжување на нивниот работен век до навршувањето 67 години со што би се продолжил работниот ангажман на 60 судии и 13 обвинители кои се на чекор до пензија.

(ВИДЕО) Милошоски повеќе пати удрен од Адеми, а погоден и со пластично шише вода фрлено кон него

Невиден скандал! Хаос и тензии во Собранието кои кулминираа со физичка пресметка. Ескалираше...

Овој инцидент докажува дека земјите членки на ЕУ мораат да ја заштитат и примат Македонија во своето заедништво имајќи ги предвид непријателските намери на соседните држави.

ОМД побара Рама да се извини за таканаречената шега „Иднaта Западна Бугарија“

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) – водечки глас за Македонците надвор од Македонија...