Ковачевски освен најтесното раководство ќе го избере и Извршниот одбор, во кој се очекуваат изненадувања. Според ТВ24, во новиот ИО ќе има место за дел од поранешните високи партсики функционери, но ќе останат и дел од актуелните.

Објавил: Перо Милчин | 25 декември, 2021 18:48

Бисера Костадиновска Стојчевска и Нина Фити во игра за потпретседателки на СДСМ

Фото/Текст извор: ©магазин/с.печат

Пратеничката Бисера Костадиновска Стојчевска, која јавноста ја запамети по тоа што прва во скафандер гласаше во Собранието додека беше ковид-позитивна, како и Нина Фити, која е членка на Извршниот одбор на СДСМ, заедно со градоначалникот на Валандово, Перо Костадинов и актуелниот потпретседател и вицепремиер Фатмир Битиќи, неофицијално ќе бидат новите потпретседатели на партијата, објави ТВ24 повикувајќи се на високи партиски извори.

Се очекува новиот лидер Димитар Ковачевски во понеделник да ги презентира предлозите за негови нови потпретседатели пред Централниот одбор.

Како што претходно беше објавено, Миле Зечевиќ ќе биде нов генерален секретар на СДСМ, Бојан Маричиќсекретар за меѓународна соработка, а за нов организациски секретар Зечевиќ мора да пресече меѓу двајца кандидати.

Ковачевски освен најтесното раководство ќе го избере и Извршниот одбор, во кој се очекуваат изненадувања. Според ТВ24, во новиот ИО ќе има место за дел од поранешните високи партсики функционери, но ќе останат и дел од актуелните.

Во среда, според најавите, претседателот Стево Пендаровски ќе му го додели мандатот на Ковачевски. Паралелно со новото раководство, се прават и контурите на Владата.

Според неофицијалните информации, доколку прифати, Нина Фити би можела да биде нова министерка за труд и социјална политика, додека за Стојчевска е неизвесно дали е во планот на Ковачевски за владиниот кабинет. Извесно е дека на Илинденска број 2 од раководството остануваат Битиќи и Бојан Маричиќ, но тој од Правда ротира во вицепремиер за евроинтеграции.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Политика