EVN се правдаат на инсталацијата, снегот бил влажен и тежок, Петровска ја нема за коментар додека битолчани гневни што овој снег е ништо во споредба со годините наназад

Објавил: Мартин Попоски | 19 ноември, 2018 11:13

Битола “трепка” како новогодишна елка, Петровска и EVN изненадени од снегот

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Битолчани, во дел и повеќе од 24 часа се без електрична енергија, EVN како дистрибутер не може да престигне со прекините на електрична енергија, градоначалничката Петровска нема коментар зошто граѓаните и мрзнат.

Имено по нормалните врнежи од снег, како постарите битолчани коментираат дека сепак е втора половина од номеври, Битола од само дваесетина сантиметри снег е целосно блокирана.

Како важи за град кој е втор по големи, битолчани се гневни на градската управа но и EVN кои се правдаат со изговорот дека очекувале зимата да е како онаа од минатата година.

Улиците традиционално не се исчистени, насекаде има паднати дрвја но и дрвени бандери кои не пренесуваат само телефонски кабли туку и електрична енергија до куќите.

Во делови од градот прекин има од вчера од 16 часот, како јавуваат битолчани, електирична енергија нема во регионите околу Клиничкиот центар во Битола, во близина на старата градска чаршија, но и новите урбани делови од градот каде на мала површина се сместени и по 10 висококатници.

Потпелистерските села Магарево, Кажани, Цапари немаат струја од вчера. Таму веќе никој и не интервенира. 

Битола трепка како новогодишна декорација, електричната енергија паѓа на секои 15 минути, регираат граѓани од областите познати како Црн Мост и во регионот околу студентскиот дом во Битола. 

Електрична енергија немаат ни пелагониските села Оризари, Новаци како и Довлеџик што веќе се смета за пригратска населба.

Битолчани имаат едноставни прашања. Студот велат некако и ќе го преживееме, но кој ќе ги плати прегорените апарати од домаќинството и кога општината конечно ќе биде подготвена за снег на само 10 дена пред декември?

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.