На 30 дена пред почетокот на учебната година школскиот систем во Битола пред колапс

Објавил: Мирко Бачиќ | 26 јули, 2018 8:25

Битолските ученици без превоз – училиштата без струја

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Советниците во Советот на Општина Битола и градоначалничката Наташа Петровска која и доаѓа од редовите на просветните работници префрлајќи ја топката кој е виновен а кој не за катастрофалната состојба со долгови во битолските училишта реално не преземаат ништо конкретно за решавање на проблемот.

Прво советничкиот состав на ВМРО – ДПМНЕ поднесе кривична пријава за Петровска затоа што заборавила или изумила да распише тендер за превоз на ученици за учебната 2018 / 2019 година но и дека второто полугодие од учебната 2017/2018 година дел од учениците го изгубиле правото за бесплатен превоз што е пак законска обврска.

Советниците на СДСМ возвратија дека школите во Битола се во катастрофална финансиска состојба и дека 10 од 18 училишта во Битола над 5 години се со блокирани сметки поради долгови. По проценки долгот вкупно изнесувал над 4.4 милиони евра. Училиштата не плаќале за струја и подолго од 12 месеци а Економското училиште е рекордер со 7 години работење без ниту една платена сметка за струја.

И додека советниците и градоначалничката се надмудруваат кој долг во чие владеење е направен на само 30 дена пред почетокот од учебната година во дел од училиштата струјата е исклучена а во дел нема обезбедено картици за бесплатен превоз на учениците затоа што нема договори по необјавениот тендер за превозници.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Образование

„Основците добиваат нови учебници и помошни наставни материјали, значително е модернизирана настава во средното образование, со многу нови дуални паралелки и компании партнери на училиштата“, вели Јетон Шаќири, министер за образование.

Сите предмети во една книга – учебната година почна, учебници нема

Вака изгледа привремениот „учебник“ за петто одделение. Четири во едно,  македонски...

„Со оваа одлука се утврдува дека бројот на наставните денови во тековната учебна година во средните училишта изнесува 146 наставни денови, односно дека нема продолжување на учебната година“, велат од Владата.

Нема продолжување на учебната година

Владата на Република Македонија на денешната редовна 44 седница ја донесе Одлуката...

Согласно овие предлози, Владата донесе заклучок според кој престануваат да важат сите рестриктивни мерки, освен задолжително носење заштитни маски во здравтсвените установи, аптеките и во установите за згрижување на возрасни лица и лица со попреченост.

Се укинуваат КОВИД-19 протоколите во предучулишните установи!

МТСП: Се укинуваат КОВИД-19 протоколите во предучулишните установи! Владата на Република...

МОН потсетува дека во периодот од 20ти до 30ти, односно 31ви во секој месец е отворена можноста за аплицирање за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк за сите оние студенти кои претходно не ги исполнувале условите, или од било какви причини не аплицирале.

Извршена е исплата на средства за субвенциониран студентски оброк на над 28 илјади корисници на ова право

Извршена е исплата на средства за субвенциониран студентски оброк на над 28 илјади...