Случајот Рекет и Катица Јанева беа последната шајка практично во ковчегот во таа некаква граѓански идеја на Шарената револуција.

Објавил: Перо Милчин | 5 март, 2020 19:50

Бишевац без влакна на јазикот: Случајот Рекет е производ на владеењето на СДСМ и Заев

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Сафет Бишевац, поранешен пратеник и новинар, вечерва гостуваше во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија заедно со професорката Мирјана Најчевска. Бишевац изјави дека Рекет е производот на едно владеење и дека институциите без разлика какви се дали урнисани или не, не си ја работеле работата како што требало, па макар и во најмал облик.

Бишевац рече дека случајот Рекет и Катица Јанева беа последната шајка практично во ковчегот во таа некаква граѓански идеја на Шарената револуција.

Нема и не може да има поголемо разочарување кај граѓаните и сите оние кои ја поддржуваа Шарената револуција кога првиот човек или оној кој во меѓувреме стана симбол на некаква борба против корупција, криминал, непотизам, на крај излезе како клучен и најважен рекетар во државата, вели Сафет Бишевац, поранешен пратеник и новинар, во гостување во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија.

На прашањето дали тој смета дека случајот Рекет ќе одземе дел од гласовите на владејачката СДСМ, Бишевац посочи дека случајот Рекет ќе има сериозно влијание во намалување на рејтингот на СДСМ, додавајќи дека токму тој случај е производ на едно владеење, пишува Курир.

– Апсолутно ќе има влијание и треба да има влијание. Рекет е производ на едно владеење. Очигледно е дека институциите без разлика какви се дали урнисани или не, не си ја работеле работата како што требало, па макар и во најмал облик. Невозможно е да очекувате да створите една таква атмосфера фрлајќи ја вината само на две личности, од кои едната е симбол на надеж и право и правда во државата.

Второто кое што сметам дека ќе има сериозно влијание во губење на рејтингот на власта иако тоа ни стана секојдневие е што сериозни политичари не може да си дозволат да велат, денеска одлуката за преименување на училиштата во Чаир е незаконска и да ги повикуваат институциите да ги поништат, а утре преку Фејсбук статус ќе изјавите дека се направени темелни проверки на правни тимови и дека одлуката е законска. Сериозен и одговорен политичар ако не го знае одговорот тогаш ќе кажа ќе проверам, ќе видиме, ќе одлучиме и ќе го соопштиме ставот, а не вака, додаде Бишевац.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Политика