Функционерите од СДСМ го напаѓаат Сафет Бишевац затоа што тој знае многу за нив, особено за Заев!

Објавил: Данаил Михајловски | 11 март, 2020 13:40

Бишевац кандидат за пратеник, СДСМ со жестоки напади!

Фото/Текст извор: ©магазин

Зошто СДСМ толку жестоко го напаѓа Сафет Бишевац, како кандидат за пратеник на овие избори. Одговорот е едноставен и има неколку незгодни причини зошто Бишевац стана трн во окото на СДСМ. Прво, прифаќањето на Сафет Бишевац да застане зад политиките на Мицкоски, а не зад Заев, ја руши главната теза на СДСМ, онаа за сеприсутноста на “Груевизмот“ во ВМРО-ДПМНЕ. Сафет Бишевац може да биде се, но не и груевист. Тој, заедно со многумина граѓански активисти, одамна ги критикуваше погрешните политики на Груевски, уште кога итриот Панчо Минов на Никола Груевски му викаше “да шефе, така е шефе, во право си шефе“! Затоа, со ангажманот на Сафет Бишевац паѓа во вода замислата на Заев и Шеќеринска на овие избори да се шлепаат на црната капања против “груевизмот“, наместо да зборат за своите неуспеси и неисполнети ветувања пред граѓаните.

Втората причина зошто Сафет Бишевац им пречи на СДСМ е што со неговиот ангажман во таборот на ВМРО-ДПМНЕ, токму Заев ќе добие силен критичар кој ќе збори за тоа колку се разочарани неопределените гласачи кои во 2016-та му поверуваа и гласаа за Заев, а сега се толку многу разочарани. Разочарани се многу истомисленици на Бишевац кои очекуваа дека од Мијалков ќе се бара законска одговорност, а не дека истиот ќе стане главен бизнис партнер на Вице Заев. Разочарани се и многу неопределени граѓани кои протестирале заедно со Сафет Бишевац за убиството на младиот Мартин Нешковски, но не очекувале дека токму Заев и Оливер Спасовски ќе му овозможат лесно бегство од затвор и од државата, токму на Игор Спасов, осудениот убиец на младиот Мартин.

Да не се лажеме, се додека Груевски и Ахмети ги организираат  изборите, тие не можат да бидат фер и демократски. Така се однесува секој режим, власта на Груевски и Ахмети е токму тоа, вели Бишевац во Интервјуто за Прес24 во 2014 година.

Третата причина зошто Бишевац им пречи на функционерите на СДСМ е што им ја знае организацијата и шемите од внатре, им го знае непотизмот, клановите, партиските вработувања и менаџирањето на подаништвото на неколку истакнати “про-Заеви“ новинари. Тоа Сафет Бишевац веројатно и ќе го каже во кампањата, а Заев и Шеќеринска, заедно со Забрчанец и Роберт Поповски ќе мора да се правдаат, да одговараат на незгодни прашања и да смислуваат изговори за многу податоци кои ќе излезат на виделина за манипулирањето со правдољубивите учесници во Шарената револуција. Во една емисија со Павле Богоевски, тоа беше и поентата на Бишевац “Правосудниот систем не функционира, Шарената револуција разочарана од Заев“.

И на крајот, Сафет Бишевац, дали некој го симпатизира или го критикува, сепак мора да се признае дека е изграден бренд на јавна личност. Активен е медиумски, но активен е и теренски во населените места со Бошњаци во Македонија. И тоа многу поактивен од Зеќир Рамчиловиќ, членот на Извршниот комитет од времето на Никола Груевски. Ако СДСМ ја дефокусира кампањата со “уа груевизам“, доволно Сафет Бишевац да им рече ве молам таквите спинови да си ги разговарате со Зеќир Рамчиловиќ, Панчо Минов и вашиот бизнис партнер Сашо Мијалков. Ако Заев и Шеќеринска сакаат да ги замајуваат граѓаните со спинови “сакаа да не убијат на 27-ми април“, Бишевац може најкултурно да им реплицира, ве молам разговарајте со вашите амнестирани вратари Крсто Мукоски и Сашо Василевски, кои ги отворија вратите на насилството во Собранието, а беа предложени за пратеници токму од Груевски. Ова се само неколку од причините зошто СДСМ толку жестоко го напаѓа Сафет Бишевац, бидејќи тој е олицетворение на многуте граѓани кои викаа “Нема правда, нема мир“, но денес се свесни дека Заев е најголемото разочарување во македонската политика!

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Политика