На ниво на Европа, Македонија е на деветтото место а моментално најлоша е сликата во Белгија по што следат Шпанија и Велика Британија.

Објавил: Катерина Крстиќ | 29 септември, 2020 18:14

Би Би Си: Македонија со убедливо најголема смртност од Ковид-19 на Балканот

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Според најновата анализа на BBC (Би Би Си), нашата земја е убедливо со најлоша статистика на Балканот кога станува збор за коронавирусот.

На ниво на Европа, Македонија е на деветтото место а моментално најлоша е сликата во Белгија по што следат Шпанија и Велика Британија.

Според најновата анализа на BBC (Би Би Си), нашата земја е убедливо со најлоша статистика на Балканот кога станува збор за коронавирусот.

Според анализата на BBC пресметале Македонија има 34,6 проценти починати на 100 илјади жители со што е прва по смртност во регионот. Најблиску до нас е Косово каде на 100 илјади жители починале 26,4 а потоа е  Црна Гора и Босна и Херцеговина.

Сите останати соседни држави имаат три пати помала смртност отколку во Македонија а во Грција смртноста е за дури 10 пати помала. 

Досега во земјата се направени вкупно 187.080 тестирања на Ковид-19. Нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 17786, бројката на оздравени пациенти е 14801, на починати е 737, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2248. 

Во последните 24 часа се направени 1372 тестирања, а регистрирани се 112 нови случаи на ковид-19 . Во болнички услови се починати 8 пациенти од Teтово (73г), Струмица (58г), Делчево (55г), двајца од Струга (80 и 74г) и тројца пациенти од Скопје (53,76 и 82г).

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 159 оздравени пациенти.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.