Веста прв ја пренесе британскиот јавен сервис, пренесувајќи изјава на Бакингемската палата.

Објавил: admin@magazin | 8 септември, 2022 18:49

БИ-БИ-СИ: На 96 години почина британската кралица Елизабета Втора

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Почина британската кралица Елизабета втора, објави Би-Би-Си.

Веста прв ја пренесе британскиот јавен сервис, пренесувајќи изјава на Бакингемската палата.

Како што беше објавено, британските власти имаа план „Операција Лондон бриџ“, во случај на смрт на кралицата.

Да потсетиме, претходно денеска лекарите објавија дека се загрижени за здравјето на кралицата и препорачаа таа да остане под медицински надзор во замокот Балморал. Веднаш биле известени сите членови на кралското семејство, вклучувајќи ги и Хари и Меган, кои побрзале во палатата да бидат со кралицата.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.