Нашиот талентиран музичар Благој Ламњов е македонски кларинетист кој живее во Шведска и континуирано работи за многу од најголемите институции како Операта на Малме, театарот НС град Стокхолм, универзитетот на Гетеборг и универзитетот на Лунд.

Објавил: admin@magazin | 13 јуни, 2020 19:42

Благој Ламњов заедно со Шведска филхармонија ја изведуваат македонската песна “Сербез Донка”(ВИДЕО)

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Македонскиот кларинетист, Благој Ламњов, кој живее и работи во Шведска на прекрасен начин ја претставува Македонија низ целиот свет.

Неодамна Ламњов беше солист на симфонискиот оркестар во концертната сала Луи де Жер (Louise de Geer) во Норшопинг од кој свиреше две дела од кои едното беше велешката песна Сербез Донка (или како што се вика во неговиот албум, Two Happy Squirrels).

Нашиот талентиран музичар Благој Ламњов е македонски кларинетист кој живее во Шведска и континуирано работи за многу од најголемите институции како Операта на Малме, театарот НС град Стокхолм, универзитетот на Гетеборг и универзитетот на Лунд.

Неговиот деби албум „Носталгична љубов“ полека си го пробива патот до светската сцена.

Албумот Носталгична Љубов (Nostalgic Love) е составен од песни без зборови (инструментална музика) , кои најголемито влијание го имаат од македонската музика, зачинети со ноти од други светски жанрови на музика. Интересен факт за албумот е тоа што привлече луѓе кои претходно никогаш не го слушале инструментот кларинет. Сега го слушаат овој албум дома или во кола.

Повеќе за животот и делото на Благој Ламњов ќе ви откриеме наскоро во интервјуто што го подготвивме за нашиот портал, со нашиот светски познат музичар, кој со неговата музика допира до срцата на Македонците низ целиот свет.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Музика

Сепак, гласовите беа одлучувачки, а познати се првите 10 финалисти: Швајцарија, Ерменија, Исланд, Литванија, Португалија, Норвешка, Грција, Украина, Молдавија и Холандија.

Познати првите финалисти на Евровизија, Албанија и Бугарија не се пласираа

Вчера вечер се одржа првото полуфинале на едно од најголемите и најзначајни музички...

Избирањето се одвиваше по пат на онлајн гласање, а гласовите од јавноста сочинуваа 50 проценти, додека останатите 50 проценти беа доделени од страна на стручно странско жири.

Дали Андреа заслужено ќе ја претставува Македонија на Евровизија 2022?

Вчера вечер беше избран нашиот евровизиски претставник, и победата ја однесе Андреа...