Проф. Блерим Река собра 11.000 потписи за неговата претседателска кандидатура, а го поддржаа Алијанска и БЕСА

Објавил: Данаил Михајловски | 7 март, 2019 23:02

Блерим Река: Албанците се уморни од “тендерскиот партиотизам“!

Фото/Текст извор: ©магазин

“Или ќе имаме правна држава или ќе имаме празна држава“, изјави Проф.Блерим Река, кандидат за претседател на државата, зборувајќи за иселувањето на младите и перспективни кадри од државата. Албанците во Македонија се уморни од тендерскиот патриотизам, уморни се од албанските партии кои се гледаат низ призмата на тендерот и на парите, и со поранешната влада и сега, рече проф. Река во своето гостување на 1ТВ.

Одлуката да се кандидирам за претседател на државата беше моја лична одлука, бидејќи сметам дека е време интелектуалците поактивно да се вклучат во реланата политика. Јас ќе излезам со една општа кампања за претседател, кампања за република, бидејќи Македонија е држава, но за жал не е република, бидејќи нема владеење на правото, човекови права, функционална демократија и професионална администрација. Ако имаме вистинска република, таа ќе ги реши и етничките проблеми. Но ние, за жал, 30 години од независноста, не успеавме да изградиме република, државата ја водеа поединци или кланови. Тешко ќе биде ваква држава да добие датум за преговори со ЕУ заради непотизмот, корупцијата, инструментализирано судство, недопирливи пратеници и амнестирани криминалци – изјави Блерим Река во неговиот настап.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести