За денеска е закажана пленарна седница на која ќе се гласа за составот на новата Влада на Косово.

Објавил: Катерина Крстиќ | 3 февруари, 2020 10:58

Блерим Река денеска ќе биде изгласан за министер за евроинтеграции на Косово

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Денеска професорот Блерим Река, кој на македонската јавност и е познат по кандидатурата за претседател на изборите во април 2019 година ќе биде изгласан  за косовски министер за евроинтеграции. 

За денеска е закажана пленарна седница на која ќе се гласа за составот на новата Влада на Косово.

Блерим Река беше кандидат во трката за претседател на изборите на 21 април 2019.

Собраниската седница е свикана на барање на мандатарот за состав на новата влада, лидерот на партијата победничка на октомвриските избори, движењето Самоопределување на Албин Курти. Курти побара одржување на пленарна седница, на која ќе го предложи составот на неговиот кабинет. Приштинеските медиуми ги објавија имињата на 15 министри. Шеф на дипломатијата ќе биде Глаук Коњуфца, актуелен претседател на Собранието, а министер за европски интеграции Блерим Река.

Блерим Река е универзитетски професор по меѓународно право и кандидат за претседател на Македонија на претседателските избори од 2019. Река дипломирал на Правниот факултет при универзитетот во Приштина, а докторирал на универзитетот во Грац. Во периодот 2006–2010 бил македонски амбасадор во Европската Унија. Река бил декан на факултетот за јавна администрација при универзитетот на Југоисточна Европа, како и проректор на истиот универзитет. 

Професорот Блерим Река, беше поддржан од Алијанса на Албанците и движењето Беса, долг период е редовен професор на Универзитетот на Југоисточна Европа на Универзитетот во Приштина.

Тој беше дел од тимот на експерти кој го напиша нацртот на Уставот на Косово под надзор на Обединетите нации, а до 2001 и основач и претседавач на Уставниот форум на Косово. Во нашиот северен сосед, Река основал невладини организации, публикации и енциклоподии за право, а бил дел и од бордот на директори на Косовската радиотелевизија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести