И ПОНАТАМУ ВО РЕДОВНА УПОТРЕБА БЛИНДИРАНИОТ МЕРЦЕДЕС КОЈ БЕШЕ НАБАВЕН ОД ПРЕДХОДНАТА ВЛАДА.

Објавил: admin@magazin | 17 ноември, 2018 17:37

Блиндираниот мерцедес од 600.000 евра се уште достапен за странски делегации.

Фото/Текст извор: ©онлине/магаин

БЛИНДИРАНИОТ МЕРЦЕДЕС КОЈ Е ВРЕДЕН 600.000 ИЛЈАДИ ЕВРА И ПОНАТАМУ СЕ УПОТРЕБУВА ЗА ВОЗЕЊЕ НА СТРАНСКИ ДЕЛЕГАЦИИ А ПОСЛЕДНА Е ВИДЕНА ГЕРМАНСКАТА КАНЦЕЛАРКА АНГЕЛА МЕРКЕЛ КОЈА БЕШЕ ВО ЗВАНИЧНА ПОСЕТА НА МАКЕДОНИЈА.

Блиндираниот мерцедес и понатака е во редовна употреба за странски делегации и службеници.За набавка на истиот поранешниот премиер Никола Груевски беше осуден на 2 години затвор,кој моментално е во бегство во Унгарија како што наведува Македонската полиција. И понатака мерцедесот е во редовна употреба а во него последно е видена и германската канцеларка Ангела Меркел кој беше почетокот на септември оваа година во посета на Скопје,поради неуспешниот референдум кој се одржа кон крајот на септември и доби ”фијаско” од страна на Македонските грагани,кои јасно го кажаа своето мислење.

Владата на актуелниот премиер Зоран Заев нема намера да го исклучи од употреба бидејќи како што е наведено, бил од голема значајност за делегациите кои доаѓале во Република Македонија.
Меѓу првите кои се возеа во блиндираниот мерцедес беа бугарскиот премиер Бојко Борисов и личен пријател на македонскиот премиер Зоран Заев за потоа со него да се возат Британската Премиерка Меј, па Американски генерали итн.

Актуелниот премиер на Република Македонија Зоран Заев гордо ја дочекува германската канцеларка Ангела Меркел во новиот блиндиран мерцедес чија вредност се проценува над 600.000 евра.

Од МВР најавуваат дека тоа возило е исклучиво само за странски делегации и претседатели кои дoaјѓаат во посета на Македонија. Премиерот Зоран Заев како што тврди не го користи за свои лични потреби,меѓутоа тој е неколку пати е виден во истиот.

Во Февруари 2018 година владините служби излегоа со информација дека се продава ТЕНКОТ. 

Тогаш во објавата стоеше: Заинтересираните лица ќе можат да го разгледаат возилото на 7 март во периодот  од 10 до 15 часот на адресата  бул. „Гоце Делчев“ бб во гаражата на објектот на МРТВ. По истекот на рокот за доставување на понуди на 12 март комисијата ќе има рок од три дена за евалуација на понудите, а јавното наддавање ќе се изврши на 16 март во 10 часот по пат на електронска аукција на интернет страницата на  Министерството за финансии. Понудувачот кој ќе достави најповолна понуда во рок од  15 дена од добивањето на известувањето за избор ќе треба да ја уплати сумата преку сметка во банка во Македонија по што ќе се склучи договор за купопродажба во рок од пет работни денови  по извршената уплата. Доколку купувачот не ја плати целосната сума договорот нема да се случи, а банкарската гаранција ќе биде активирана“, рече Мирчески.

Сите давачки кои ќе произлезат околу преносот на возилото и јавните  давачки утврдени со закон ќе паднат на товар на купувачот.

Мирчески рече дека за безбедноста на странските делегации е задолжено МВР и додаде дека земјава располага со уште две блиндирани возила кои се во употреба и може да се користат за таа намена. 

Владата на Република Македонија сепак реши да не го продаде,бидејќи е заклучено дека ако се продадеше мерцедесот, ќе се изгубеа многу финансиски средства за разлика од првата нова куповна цена по која беше набавен.
За истиот мерцедес 24 јануари предходната година беше покрената кривична пријава од специјалното јавно обвинителство меѓу кои и Груевски беше обвинет а сега и осуден на 2 години затвор,за набавка на блиндираниот мерцедес. Груевски имаше иста намера како сегашната влада, истиот да се користи за превоз на странски делегации и претседатели. Истрагата беше подигната на основа од прислушкуваните разговори ”бомби” од тогашната опозиција на денешниот и актуелен премиер Зоран Заев.

Целта на предходната и на оваа влада е овој блиндиран мерцедес, да се користи за употреба на вакви исти случувања,за превоз на странски делегации и високи прецтавници од европската унија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Политика