За овој живот многупати доживеав неправда. Блиските ја продаваа мојата интима за мали пари, а за големи и сами знаете што сè може да се добие…

Објавил: Катерина Крстиќ | 23 јануари, 2020 21:49

Блиските ја продаваа мојата интима за мали пари- Северина скршена од болка повторно со емотивна порака

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Пејачката Северина и овој пат посвети емотивна порака за својот син Александар. Таа алудирајќи на нејзиниот поранешен сопруг и татко на Александар, бизнисменот Милан Поповиќ и судијката Теа Голуб која и го одзеде старателството напиша: Поминаа 54 дена и поминаа „88 часа“, помина вечност додека тие „скијаат“.

Пејачката Северина по одлуката на судот во Загреб пред околу два месеци беше принудена да му го предаде детето на неговиот татко, бизнисменот Милан Поповиќ.

За овој живот многупати доживеав неправда. Блиските ја продаваа мојата интима за мали пари, а за големи и сами знаете што сè може да се добие…
Сепак, на 28.11.2019, на ова лице имаше најмногу неправда и тага.
Поминаа 54 денови тага…
Но, во тие денови тага, имаше „88 часа“ радост и 54 дена нивен срам. А, мама добро ми рече – „немој Никој и Ништо да те растажи“.
„Никој и Ништо“ тој 28.11 ме излажаа и ми ги наметнаа нивните тага и срам, но не можат да ми ја тргнат насмевката… ни од оваа фотографија, ни моите бројни нефотографирани насмевки.

Бидејќи „Никој и Ништо“ засекогаш ќе останат „Никој и Ништо“.
Понекогаш стануваат „Никој и Нешто“…
Можеби моментално „случајно скијаат“, но нас не можат сите да нè измамат.

Не дозволувајте „Никој и Ништо“ да ви ги наметнат нивните тага и срам и да ви ја тргнат насмевката од лице.
Мене никогаш не ми го направиле тоа… ниту сега… ниту некогаш…
Фала Богу!

За потсетување, на 28-ми ноември судијката Теа Голуб издаде привремена мерка и донесе правосилна пресуда синот на Северина и Милан,  да живее со неговиот татко, и дека таткото самостојно ќе се грижи за здравјето и образованието на детето.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.