На вчерашната блокада беше приведена една жена. Таа според полицијата го прекршила јавниот ред и мир бидеќи агресивно се однесувала и кон приватните превозници и кон полицијата.

Објавил: Перо Милчин | 9 декември, 2022 6:06

Блокадите на крстосниците од денеска се префрлаат само кај Град Скопје

Фото/Текст извор: ©канал 5/магазин.мк

Блокадите на крстосниците од денеска се префрлаат само кај Град Скопје. Од 10 часот ќе се дислоцираат автобусите паркирани на крстосниците кај Мавровка и Црвен крист и од таму ќе се упатат на булеварот Илинденска. Ваква одлука донеле приватните превозници на вчерашниот координативен состанок. Причина за деблокада и префрлање на автобусите од крстосниците на Илиденска, велат е да се направи поголем притисок на Град Скопје кој им должи 1,5 милион евра.

„Бесот сè повеќе се фокусира кон главниот виновник за состојбава – управата на Град Скопје. Не можам да кажам ништо пред време, треба да се состане координативното тело на превозниците, но со оглед на тоа дека сè повеќе се стеснува кругот, сè повеќе аргументи излегуваат на виделина и се надевам дека фокусот ќе биде тука пред управата на Град Скопје. – Колку автобуси има на улиците? – Околу 200“, рече Кемал Муриќ раководител на секторот сообраќај и контола во „Слобода превоз“.

Но, на терен, сликата е поинаква и има помалку од 200 автобуси.

Скопје е блокирано со околу 100 автобуси. Барем толку автобуси паркирале денеска приватните превозници на трите клучки во главниот град. Најмалку автобуси околу 20 се паркирани тука на булеварот Илинденска, а повеќе по околу 40 автобуси има паркирано на раскрсниците кај трговскиот центар Мавровка и кај Црвениот крст.

Покрај автобусите се поставени полициски барикади и лента. Дел од приватните превозници ова го прокоментираа како притисок. Надлежните од Слобода превоз пак упатија благодарност до полицијата и им се извинија на граѓаните за сообраќајниот хаос.

„Што се принудени да го трпат хаосот предизвикан во градот. Исто така им се заблагодаруваме на припадниците на полицијата што деноноќно го регулираат сообраќајот и ја обезбедува целата ситуација“, изјави Муриќ.

Приватните превозници се револтирани што вчера Град Скопје објави повик само за две лини – 20ка и 22ка. Велат дека нема да конкурираат на повикот на градската администрација. Блокадите во Скопје траат четири на кои приватните превозници од Град Скопје си го бараат дологот од 1,5 милиони евра. Град Скопје, пак не чувствува никаква одговорност за блокадите и останвуаат на ставот дека се ова организирани се организирани блокади од политички и приватни интереси. Поради оваа квалификација од протесите се повлекоа директорите на Слобода превоз и на Макеспрес.

Градската администрација исто така побара од МВР да го заштити јавниот интерес и да ги отстрани блокадите. Од МВР пак велат дека можат да прекинат и растурат протести и блокади само ако се загрози безбедноста и животот на граѓаните, а досега блокадите според МВР се одвиваат согласно Законот за јавни собири.

На денешната блокада беше приведена една жена. Таа според полицијата го прекршила јавниот ред и мир бидеќи агресивно се однесувала и кон приватните превозници и кон полицијата.

Поради блокадите, има и агресивни возачи.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Сообраќај

Од Синдикатот на контролори на летање велат дека се единствени, а добиваат се поголема поддршка од вработените. Доколку не се исполнат нивните барања, продолжуваат со штрајк секој четврток од 11 до 17 часот, но не ја исклучуваат можноста и за негово интензивирање

Денеска 6 часа без полетувања и слетувања на аеродромите во Скопје и Охрид, поради штрајк

Денеска на двата аеродрома во државата, скопскиот и охридскиот, 6 часа ќе нема полетување...

Кандидатите треба да достават и доказ дека со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност.

ЈСП ОБЈАВИ ОГЛАС ЗА ВОЗАЧИ Кандидатите треба да имаат минимум 2 години возачко искуство

ЈСП „Скопје“ објави оглас за вработување на возачи. На веб страната на јавното претпријатие...

Патничките возови 601 на релација Скопје – Велес и 2080 на релација Велес – Скопје нема да сообраќаат во периодот од 26 јуни до 10 јули, освен во недела кога ќе сообраќаат според возниот ред, информираат од ЈП ЖРСМ Инфраструктура.

Возовите на релација Скопје – Велес нема да сообраќаат од 26 јуни до 10 јули

Возовите на релација Скопје – Велес нема да сообраќаат од 26 јуни до 10 јули! Патничките...