Ванковска важи за гласен критичар на сите владини политики без разлика на партиската припадност, но очигледно актуелната се обиде да ја замочи, барем на социјалните мрежи

Објавил: Мирко Бачиќ | 23 октомври, 2018 14:49

Блокиран ФБ профилот на проф. Ванковска

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Професорката Билјана Ванковска, гласен критичар на политиките на сите влади, се соочи со гневот на актуелната, која на 24 часа и го хакираше и блокираше профилот на социјалната мрежа ФБ.

Според постот кој по пријавата за хакиран профил на ФБ, го објави професорката Ванковска, ова го смета за обид за биде замолчена, и и се случува прв пат во 10 години, откако и ја користи оваа социјална мрежа за изразување на своите професионални и лични ставови.

Во врска со овој инцидент Ванковска напишa:

Епа, драги мои, и тоа се случи за првпат по десет години!

Профилот ми беше блокиран 24 часа (всушност, нешто подолго, нејсе), поточно јас бев оневозможена било што да правам на мојот или туѓите профили.

Ако мислевте (или се израдувавте) дека сум замолчала, сте се излажале. Ако во иднина ме снема, да знаете дека станува збор или за нешто вакво или ќе ме читате по весници дека ме привеле.

Колку повеќе притискаат и се служат со вакви средства, толку погласна ќе станувам и кон оние кои лично и кон оние кои оркестрирано (ќе) ме таргетираат.

Ќе продолжам само сега имам поважна работа, го пишувам текстот за Годишникот на ОБСЕ за Преспанскиот договор, па таму ќе кажам се што ми лежи на ум. А имам многу што да кажам! И таму ми ветија дека ја имам сета академска слобода и нема да ми го цензурираат текстот.

Материјалот расте од минута до минута!

Се читаме! I am back! 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести