За медиумите Вељко го откри полот на детето, односно откри дека е машко и ќе го носи името на неговиот покоен татко Жељко.

Објавил: Катерина Крстиќ | 5 февруари, 2020 17:10

Богдана не сака да плаќа дадилка- открива во кој има доверба и кој ќе се грижи за бебето

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Веќе на големо се работи на подготовките за новиот член во семејството Ражнатовиќ.Имено Вељко Ражнатовиќ, синот на познатата српска пејачка Цеца со својата сопруга Богдана го очекуваат првото дете.

За медиумите Вељко го откри полот на детето, односно откри дека е машко и ќе го носи името на неговиот покоен татко Жељко.

Снаата Богдана ужива во трудничките денови, а членовите од семејството по малку и ја размазуваат, а најмногу нејзината свекрва Цеца која со нетрпение го очекува внукот.

Вељко и Богдана ги венчаваше духовникот на Цеца, Стефан Шариќ, а на венчавката присуствуваат повеќе од 250 гости. На пролет се очекува приновата во семејството Ражнатовиќ, поради што ситесе возбудени.

За српските медиуми таа на неколку пати рече дека многу е благодарна на Цеца и на Вељко кои и се најголема поддршка, и и помагаат во се. Извор близок на семејството Ражнатовиќ открива дека Богдана не сакала да ангажира дадилка за своето дете и дека најголемата помош околу бебето ќе и биде Цеца. Имено таа во неа имала најмногу доверба па поради тоа сака шејачката да и помага во се околу бебето.

-Цеца за Богдана веќе ангажираше нутриционисти и готвачи кои ќе се грижат за неа и ќе се потрудат се да помине во најдобар ред, меѓутоа Богдана инсистира таа да и биде поддршка околу се друго, рече изворот за српските медиуми.

Таа сака Цеца да се прашува за се, па нагласила и дека не сака дадилка и дека во Цеца има најмогу доверба, а тука се и Лидија и Анастасија, па нема потреба детето некој друг да и го воспитува. Богдана рекла дека Цеца веќе одгледала две деца, а Лидија има веќе 4, а тука се и нејзините сестри и мајка , па покрај сите нив не и треба дадилка- открива изворот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.