Боби Илиевски е небитен, тој како и секој со својата мака, си живурка.

Објавил: admin@magazin | 14 септември, 2019 16:52

БЕТМЕН: „Имаше рекетирање и во процесот за 27-ми Април, од почеток до крај – Целта ја видоа сите„

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Пријател пред малку ми ја прати оваа фејсбук бљувотина на оваа несреќа, со која делиме слично име и исто презиме. Дека е познат како чешма за истурање фекалии во кои ужива да плива, нема да коментирам. Ќе го коментирам само она што го споделил, а е дел од еден текст на еднакво несреќната Катерина Блажевска која или е злобна, или неетична или – обете, пишува Богдан Илиевски на својот ФБ профил.

Имено, текстов излезе додека бев во куќен притвор. Според него, а повикувајќи се “на извори од истрагата”, Блажевска тврди (покрај еден ГИГАНТСКИ КУП други гумна демантирани од самото судење дури и со т.н. докази на ВиРус обвинителството) дека на 26-ти април 2017, Груевски “од еден од двата телефона” зборел со Претседателот на републиката, со Премиерот Димитриев и…. со мене!

Дали зборувал со Иванов или Димитриев, поим немам, идеално небитно ми е. Ама дека разговарал со мене е ОГРОМНА НАЈГОЛЕМА МЕГАГИГА ГЛУПОСТ И ЛАГА, лага која одговара на новинарски калибар од типот на психотичниот паралитико кој пишува наслови како со големите букви. Дека Блажевска не е за машала, имав став и претходно. Но, по овој текст, се бетонираше моето мислење за неа.
Во моментот кога текстот се појави, бев во куќен притвор со забрана за користење средства за комуникација. Се консултирав со адвокатите дали да ја тужам за лагите, ми препорачаа дека моментот не е погоден за такво нешто имајќи го предвид процесот кој се очекуваше да започне. Бев соочен со избор: да молчам и да ја оставам со нејзините “извори од обвинителството” да плива на површината на канализацијата полна со ноторни глупости и лаги, или да реагирам па да бидам обвинет за “попречување на слободата на новинарите”.

Пријател пред малку ми ја прати оваа фејсбук бљувотина на оваа несреќа, со која делиме слично име и исто презиме. Дека е познат како чешма за истурање фекалии во кои ужива фа плива, нема да коментирам. Ќе го коментирам само она што го споделил, пишува Богдан Илиевски на својот ФБ профил.

Одбрав да ја оставам на мира, иако многу глатко со ноторните глупости и 1000000% лаги таа донесе не само немир во моето семејство, туку и влијаела на суртуци како сподобата која ја шерувала погоре, а се во рамките на мозаикот внимателно поставен одамна: “цртајте ги најподобните за виновни, по секоја цена, не е важно дали се или не се, важна е перцепцијата.”
Така и бевме нацртани.

Осудени пред судење. Без анализа, без докажување, без реална истрага… туку со создавање нов или формулирање постоечки наратив. Меѓудругото така нѐ цртаа и Блажевска и другите портпароли на ВиРус обвиненијата, медиумски експоненти кои можеа да напишат и дека “според извори од ОЈО Бетмен носел динамит во суканиците” и половина без да проверат дека сум скоро ќелав, да поверуваат во истото.
Бидејќи ние “не можевме никако да се браниме” (јас, Борис, Дурло и Владо) поради немилиот настан, бевме “природно” означени како дежурните виновници, the usual suspects. И во тој слободен простор за цртање виновници, никој не можеше да опонира. Бидејќи никој од злокрвните сеачи на омраза кон нас не сакаше да слушне спротивен аргумент, нашата вистина. Омразата кон замисленото зло беше поголема од било каков човечки порив за вистина и правда.
Налет, таква е човековата природа. Не се жалам, којзнае зошто сум го “заслужил” тоа. Но, сега зборувам за факти и аргументи. Сподобата презимењак не го кривам, толку му сече и нему и на тие кои го лајкаат. Идеално ме заболе што тој и тие кои го почитуваат мислат за мене. Имаат право и да ме мразат, презираат и да сум им еднакво небитен како и они мене. Но, уважената новинарка во текстот поставува триесеттина тези кои ДУРИ И ВиРус обвинителството не ги поткрепи со докази, односно кој и да и бил “изворот од ОЈО” ја искористил како штит за својот шит, по службашки начин, за службашки цели.
Околу целите збореше и претседателот Мицкоски вчера/денес, и се надевам и молам да ни е на сите обелоденето што се се случуваше со судските процеси во ова кршливо време за државата.

Односно, сметам дека има рекетирање и во процесот за 27-ми, од почеток до крај. Целта ја видоа сите. Еден ден ќе се дознаат и средствата. Ништо не останало скриено.

Но, сега ќе ви кажам зошто тврдењата на Блажеска не се поткрепија со докази на суд… БИДЕЈЌИ НЕ СЕ СЛУЧИЛЕ. Бидејќи дури и ВиРус обвинителство повеќе од мотивирано да измислува тероризми, не нашло ниту еден единствен доказ дека е точно она што Блажевска го пишува. Нема доказ бидејќи НЕ СЕ СЛУ ЧИ ЛО. Но, лесно е да се пише. “Пиши “Бетмен зборел со НГ”, па што… Кој ќе помисли дека не било така? Ние ја цртаме сликата. Ние судиме пред судење, за после судијата да не ни мора да суди.”

Богдан Илиевски: Рекетарскиот процес за 27 април допрва ќе доживее правда.

Но дури и клучните сведоци на кои е базирана пресудата во нашиот и ЦЕЛ втор случај, поточно не сведоци туку еден обвинет со четири пати драстично менуван исказ и еден т.н. загрозен сведок со бујна машта… дури ни тие, за чии искази и мало дете би претпоставило дела се склопувани “по нарачка, за да има каков таков основ за глупавото обвинение”… дури ни тие на суд не го кажаа она што Блажевска Катерина го пишува во својот “рапорт од ВиРус обвинителството”.

И бидејќи ниту имало такво нешто, ниту доказ, ниту било кажано од најкреативните и мотивирани “соработници” на ОЈО, глупоштијата дека на 26-ти април Груевски зборел со мене остана да умира клинички само и САМО во текстот на Блажевска – и кога ќе решат да го оживеат соодветни човечки суштества како гореспоменатиот.

Боби Илиевски е небитен, тој како и секој со својата мака, си живурка. Му кажал некој “да ме удри” бидејќи не му се допаѓа како ја користам мојата слобода на израз на фб, па послушал. Неговор право е, апслутно. И немам ама никаков проблем од денешна перспектива да пишува што сака и да се повикува на кого сака.
Но имајќи предвид дека има куп луѓе по затвори, осудени за нешто што не го сториле, вистината ќе остане моја опсесија се додека живеам. И во тоа име, порано или подоцна и Блажевска и другите портпароли на ВиРусите ќе бидат разобличени, бидејќи, просто и едноставно, кратко и јасно, свесно или несвесно…. ЛАЖАТ.

А по нив или со нив, и нивните нарачатели заедно со нивните мотиви. И егзекуторите, се разбира. На сите им посакувам долг живот. Доволно долг, за да ја почувствуваат сопствената лага на своја кожа.
Фала ви на внимание.

Богдан Илиевски

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести