Однесување на Европа е разочарувачко и под стандардите, смета поранешниот пратеник, Павле Богоевски.

Објавил: Катерина Крстиќ | 17 октомври, 2019 11:15

Богоевски: Ако нема датум, Владата може да го изгуби мнозинството во Парламентот

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Поранешниот пратеник Павле Богоевски во вчерашната дебата на ТВ24 коментирајќи ја последната изјава на на францускиот претседател, Емануел Макрон, кој рече дека Северна Македонија и Албанија се уште не се подготвени да добијат датум за преговори, истакна дека ова  однесување на ЕУ кон нашата држава е разочарувачко.

Павле Богоевски (14 февруари 1986, Скопје) — македонски граѓански активист и поранешен независен пратеник во деветтиот состав на Собранието на Република Македонија.

Однесување на Европа е разочарувачко и под стандардите, смета поранешниот пратеник, Павле Богоевски.

Како што вели тој без датум можно е да падне и желбата на грашаните и владата за влез во ЕУ, а предупредува дека ваквата одлука би имала негативни последици по државата.

-Недоделувањето на датум ќе има внатрешни и надворешни политички последици. Внатрешнополитичките ќе доведат до дестабилизација на позицијата на сегашната Влада и можно е Владата да го изгуби мнозинството заради неисполнето ветување од ЕУ. На надворешен план тоа се најмалите последици – рече тој.

Во случај на најлошо сценарио, додаде тој, тоа би довело до уште поголемо одалечување од ЕУ и уназадување на реформите.

-Во тој случај, би ни останале само Кина, Турција и Русија како избор, зошто сами ќе се доведеме во ситуација да ни ги затворат вратите на ЕУ – посочува Богоевски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Политика