Не би сакал мојата функција да биде пречка за постапкаата што би се видела против мене.

Објавил: Рејхан Бајрами | 11 јуни, 2019 13:32

БОГОЕВСКИ: „Збогум Никола, во оваа држава ќе бидеш добредојден само во затвор и со лисици на раце„

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Пратеникот Павле Богоевски кој поднесе оставка од пратеничката функција денеска, рече дека вредностите се над функција сега и секогаш одговорност се поднесува гордо, а не со бегство во друга држава како Груевски.

Пратеникот Павле Богоевски денеска официјално ја заврши својата работа како пратеник во Собранието на Република Македонија. Тој рече дека со повлекувањето сака да упати порака дека вредностите на Шарената револуција се живи и никој не може да ги помести.

– Не би сакал мојата функција да биде пречка за постапката што би се видела против мене. Не оди пратеник кој се залагал за правда да стори некое дејство и да остане на функција. 

 Збогум Никола бидејќи во оваа држава ќе бидеш добредојден само во затвор и ќе се вратиш со лисици на раце – рече Богоевски.

На ова реагираше координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, кој рече дека Павле Богоевски лечи фрустрации.

 Таа омраза и фрустрации кон ВМРО-ДПМНЕ оневозможуваат да ги остварувате ветувањата кон граѓаните – рече Мицевски.

Јован Митрески, Портпаролот на СДСМ, изјави дека парламентарното мнозинство ја констатирале оставката на Никола Груевски бидејќи пратениците на ВМРО-ДПМНЕ нема да гласаат за одземање на неговиот мандат поради што и неможело да се обезбеди одземање на неговиот мандат.

Богоевски бил еден од предводниците на протестното движење „Шарена револуција“ кое барало поништување на аболициите кои претседателот Ѓорге Иванов во 2016 ги дал на 56 лица опфатени во истрагите на Специјалното јавно обвинителство.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести