Костадин Костадинов Манулач повторно на високо морален начин ги објасни политичките процеси во Собранието, како и резултатите од тестот на Павле Богоевски!

Објавил: Мате Парлоф | 11 јуни, 2019 14:10

Богоевски поднесе оставка лично, со крената глава и полн нос.., заради алергија на липа!

Фото/Текст извор: ©магазин

Најпознатиот борец против непотизмот и корупцијата во регионот, Костадин Костадинов Манулач, кој дури и својата мајка првин ја вработи, па потоа и даде отказ за да докаже дека нема пардон за никого, денес после собраниската седница даде изјава за оставките на пратениците Павле Богоевски и Никола Груевски. Костадин Манулач даде и прецизно објаснување зошто му бил полн носот на пратеникот Павле Богоевски. Изјавата ви ја пренесуваме во целост:

Почитувани граѓани, 

дојде и тој ден кога во Собранието повеќе го нема Никола Груевски. Додуша него го нема веќе шест месеци, откако си замина за Унгарија, но за тоа се разбира вината не лежи кај министерот Спасовски. Напротив, виновни се неговите соработници од ВМРО-ДПМНЕ кои преку тајните тунели на “режимот“ го пренесоа од Белата палата директно до резиденцијата на Орбан. Но, и тој тунел ќе го откриеме преку СЈО. Битното денес е дека имаме двајца пратеници, едниот чесен, а другиот осуден. Чесниот пратеник е Павле Богоевски, кој од морални причини поднесе оставка, после незаконското снимање од страна на еден опозиционен таксист, како наводно Пајо нарачува пола грамче кокаин. Нема врска. Павле никогаш не нарачувал кокаин, Павле никогаш не шмркал кокаин, и Павле уствари мрази кокаин! Затоа на нашата држава и требаат таквите чесни како Пајо, можеби не во собранието, но ќе му најдеме некое место каде што може уште поморално да ја искористи својата младешка енергија и шарени идеали. Павле Богоевски денес поднесе оставка со дигната глава и полн нос! Заради алергијата на полен од липа! А Груевски, што да ви кажам, кукавица, бегалец, хохштаплер, диктатор, си поднесе оставка од далеку, од бродот на Дунав, каде се журка, си густира. Груевски буквално антизападно се однесува и се зеза, додека тука Заев, Вицето, Ахмети, Бујар, Шилегов и Крсто Мукоски се мачат да ја внесат државава во ЕУ, ја разубавуваат платформата на Матка, прават квалитетни реформи, ред реформи ред тендери, лобираат кај Меркел и кај Харадинај, за живот за сите. Затоа почитувани граѓани, да живее пречесниот Павле Богоевски, а срам да му е на Никола Груевски!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Сатира

Министерството за транспорт и врски денес соопшти дека по долги консултации со експерти од министерството за здравство, донесена е одлука за затворање на новиот експресен автопат што ги поврзува Охрид и Кичево и стопирање на сите што патуваат по него.

Нови мерки против Ковид 19: Затворен автопатот Охрид – Кичево

Министерството за транспорт и врски денес соопшти дека по долги консултации со експерти...

Одговорност од прв до последен за сите што си ги мереле со Рената мора да има. За никој да не се дрзне утре да си го мери со Радмила!

Костадинов: Мицкоски да каже кои ВМРОвци си го мереле со Рената Дескоска!

Борецот за правда и антикорупција, Костадин Костадинов Манулач, кого цел регион го...