Ние протестиравме во поддршка за СЈО, но никогаш не протестиравме за Катица Јанева, вели Богоевски.

Објавил: Катерина Крстиќ | 23 август, 2019 22:46

Богоевски: Случајот „Рекет“ е шанса луѓето кои биле функционери да одговараат за стореното кривично дело

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Во изјава за Канал 5 телевизија, Павле Богоевски, поранешниот пратеник и некогашен првоборец на „Шарената револуција“ истакна дека тие протестираа во поддршка за СЈО но не за Катица Јанева како поединец и прв човек на обвинителството.

Павле Богоевски (14 февруари 1986, Скопје) — македонски граѓански активист и поранешен пратеник во деветтиот состав на Собранието на Република Македонија.

Ние протестиравме во поддршка за СЈО, но никогаш не протестиравме за Катица Јанева, вели Богоевски.

Богоевски додава дека на целата ситуација и моменталните случувања во државата гледа како шанса дека она за што се бореле биде сторено, и сите оние кои се виновни ќе одговараат.

Ние протестиравме за функционерите, доколку направат некакви кривични дела, да бидат повикани на одговорност за истите. Иако е многу разочарувачки случајот „Рекет“, ова го гледам како шанса да се покаже дека тие работи за коишто се боревме ќе бидат применети на дело и дека луѓето кои биле или се функционери, ќе одговараат доколку направиле кривично дело, рече Богоевски во изјава за „Канал 5“.

Инаку Павле Богоевски го даде својот став, откако денеска и обвинителката Лиле Стефанова, се огради од Јанева и истакна дека од самиот почеток на работата на СЈО таа била воздржана кон работата на Јанева, а вчера, пак, Фатиме Фетаи порача дека секој што се огрешил пред законот треба да одговара.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.