-Кога беа објавувани бомбите, беше бидејќи институциите молчеа на очигледните злоупотреби и индиции за сторени кривични дела.

Објавил: admin@magazin | 29 мај, 2019 20:51

БОГОЕВСКИ: “Јас не можам никогаш да докажам дека порачував масло од канабис„

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Павле Богоевски во своето гостување на 1Тв, рече дека мораме да си поставиме сериозни прашања од безбедносен аспект – дали Илија Громовник е еден човек или група луѓе кои организирано дејствуваат за да го користат јавното мислење само за дестабилизација на политичките процеси и клима во државава.

Бившиот пратеник Павле Богоевски во Отвореното студио 1 на 1ТВ, рече дека е опасно ако некој користи прислушкувани материјали за уцена, а тие не содржат кривични дела. Според Богоевски, ако постои интерес, снимките треба да бидат објавени, но евентуалниот објавувач прво треба да се обрати во институциите.

-Треба да си го поставиме прашањето дали се уште се преземаат мерки за следење на комуникација на актуелни функционери, дали некој друг можеби располага со снимките коишто беа објавувани преку бомбите и како ги користат тие материјали? Кога беа објавувани бомбите, беше бидејќи институциите молчеа на очигледните злоупотреби и индиции за сторени кривични дела. Овде имаме директно објавување во јавноста и ставање на тапет и пред јавен линч, рече Богоевски.

Богоевски смета дека објавувањето на снимката, без разлика дали е навистина од Будимпешта, е порака пред седницата за одземање на мандатот на побегнатиот премиер Никола Груевски.

-Го примив како порака и тоа беше голем дел од причината зошто одлучив да чекам до самата седница за да ја соопштам одлуката за повлекувањето на тој начин. Сакав да им го превртам наративот на глава и мислам дека успеав, изјави Богоевски.

Павле Богоевски (14 февруари 1986, Скопје) е македонски граѓански активист и бивши независен пратеник во деветтиот состав на Собранието на Република Македонија.

Богоевски беше еден од предводниците на протестното движење „Шарена револуција“ кое барало поништување на аболициите кои претседателот Ѓорге Иванов во 2016 ги дал на 56 лица опфатени во истрагите на Специјалното јавно обвинителство.

Богоевски бил обвинет за фрлање боја врз фасадата на министерството за култура за време на протестите од 18 април, но судските рочишта повеќе пати се одлагале бидејќи обвинителството не пресметало колкава материјална штета била предизвикана. На парламентарните избори во 2016 Богоевски станал пратеник како петти носител на пратеничката листа на СДСМ во првата изборна единица, каде партијата освоила 10 пратенички мандати

Во мај 2019 година била објавена аудио снимка на vkontakte според која Богоевски,  наводно нарачува наркотична дрога.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести