Богојевски посочи дека стои на ваквиот став за да може македонските Бугари да се обратат на мајчин јазик и на тој јазик да добијат одговор.

Објавил: Катерина Крстиќ | 3 јануари, 2020 14:32

Богојески: Бугарскиот јазик во Македонија треба да биде службен јазик

Фото/Текст извор: ©магазин.мк фотомкд.мк

Во интервју за бугарски Фактор Петар Богојески од политичка платформа „Македонски концепт“ истакна дека Бугарскиот јазик во Македонија треба да биде службен јазик.

Богојевски посочи дека стои на ваквиот став за да може македонските Бугари да се обратат на мајчин јазик и на тој јазик да добијат одговор.

Во неговите јавни излагања Богојевски е познат дека нема влакна на јазикот и многумина знаат да го карактеризираат како контроверзен бидејќи често пати излегуваше со став различен од оној на својата матична партија.

Во интервјуто Богојевски посочува дека македонскиот и бугарскиот јазик се два клона на едно исто стебло. Петар Богојевски вели дека двата јазика се наследници на еден ист св. Климентов јазик.

Во интервјуто Богојевски нагласи дека се залага официјални јазици да бидат сите јазици кои граѓаните ги препознаваат како мајчин јазик, плус англиски.

Доколку македонските Бугари декларираат дека е неопходно, тогаш во Македонија може да се воведе како службен јазик и бугарскиот. Ние сметаме дека ако еден граѓанин се обрати на државата на бугарски, редно е да добие и одговор на бугарски, плус македонски, заради понатамошна административна употреба на одговорот. Тоа се однесува на сите јазици. Нема да има спор за официјалниот јазик од територијата на Македонија или во целата држава, вели Богојески.

Петар Богојески е поранешен заменик- генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ, и познат како еден од иницијаторите за реформи во партијата, 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести