Можат да се направат за било која пригода и во различни форми.

Објавил: Рејхан Бајрами | 11 декември, 2021 16:05

БОЖИЌНИ КОЛАЧИЊА

Фото/Текст извор: ©магазин

Рецепт за ситни божиќни колачи кои можат долго да стојат, убаво изгледаат и многу се вкусни.

Малите, слатки и убави божиќни колачи во форма на ѕвезди ги красат богатите трпези за време на празниците.

Пробајте ги овие вкусни божиќни колачи со шарени трошки за декорација од Фантазија.

Вкусни Божиќни колачиња. Одличен предлог за празниците.

Состојки:

500 гр. брашно

200 гр. шеќер

250 гр. маргарин

2 јајца

1 прашок за пециво

1 рендана кора од лимон или портокал

Подготовка:

1. Најпрво се ставаат маргаринот (претходно оставен на собна температура) шеќерот и ренданата кора. Се меша убаво со раце.

2. Потоа се додаваат јајцата и пак се меша.

3. На крајот малку по малку се додава брашното во кое го ставаме пецивото и ја месиме смесата додека не се соедини убаво.

4. Готовото тесто го ставаме да отстои во фрижидер околу 3-4 часа.
Кога тестото е готово се развлекува кора и со калапчиња се прават форми по ваш избор.

Во оваа смеса се додаваат прехрамбени бои и се украсуваат колачињата.
Многу се лесни за правење и многу вкусни. Можат да се направат за било која пригода и во различни форми.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.