Јовановски додаде дека соработката со ГП Пелистер и Силјан Мицевски се случила преку посредници.

Објавил: Катерина Крстиќ | 23 јули, 2020 17:19

Боки: Имав прием и поддршка од Заев за изградба на Европски центар за возрасни лица!

Фото/Текст извор: ©курир.мк

На денешното судење за Меѓународен сојуз, Бојан Јовановски ги откри имињата од власта кои го подджувале во проектот за изградба на Европски центар за возрасни лица. Тој тврди дека тоа бил одржлив проектот кој го препознале и бизнисмените кои доброволно сакале да учествуваат во изградбата.

Боки вели дека нема земено ни денар од Буџетот на државата и оти е горд на тоа.

„Мојот договор со ГП Пелистер не падна од небо туку беше преку посредници, а вистиниските посредници ќе се дознаат преку кривичните пријави. Мила Царовска ја донесе Лилјана Тодоровска која е автор на проектот кај мене. Имав и прием и поддршка од Зоран Заев и од Оливер Спасовски“, рече Јовановски.

Проектот за изградба на станови не беше никаква измама или криминал туку реален проект. Како може да се помисли дека јас можам да го измамам еден Силјан Мицевски, истакна во воведните зборови Бојан Јовановски.
Како доказ тој го наведе фактот дека се слушнал со Мицевски на денот кога бил уапсен на граница.
-Ми рече, Бојанче, бидејќи така ме викаше, среќен пат и убаво да си поминеш-отрки Боки.
Тој рече дека првата средба со бизнисменот Мицевски ја организирал Александар Кирацовски, тогаш како генерален секретар на СДСМ, и оти на 4 јануари бил потпишан меморандум со Општина Битола.

Затоа тој уште еднаш побара да се вештачи неговиот мобилен телефон за да се види со кого се имал средби и контакти.

Тој посочи дека истакнати бизнисмени беа дел од конститутивната седница на „Меѓународен сојуз“ и го повика бизнис секторот да се вклучат во акциите на невладината организација.

„Ниту еден денар не сме искористиле државни пари, ова требаше да биде самоодржлив капитален проект кој не може ниту државата да го смисли“, рече Бојан Јовановски.

Јовановски додаде дека соработката со ГП Пелистер и Силјан Мицевски се случила преку посредници.

„Во доказната постапка ќе слушнете како Мила Царовска, пензионерката со проектот ја упатува кон мене. А бизнисменот Ардијан Амзовски, доколку не го видеше Александар Кирацовски, немаше да го прифати проектот“, рече Бојан Јовановски.

Според обвинението, обвинетите ги измамиле бизнисмените Силјан Мицески и Ардијан Амзоски дека ќе учествуваат во проект преку „Меѓународен сојуз“ на Бојан Јовановски-Боки 13 и ги оштетиле со повеќе од милион евра.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.