Боки истакна дека е свесен оти судот нема да го прифати неговото барање за домашен притвор, иако неговата здравствена состојба го налага тоа.

Објавил: Катерина Крстиќ | 18 јуни, 2020 11:58

БОКИ 13 ВО СУДНИЦАТА: Парите од РЕКЕТ барајте ги кај Зоран Заев и Вице Заев

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Денеска судот донесе пресуда за првообвинетиот за случајот Рекет, Бојан Јовановски, и второбвинетата, поранешната шефица на СЈО, Катица Јанева, со која е одредена казна затвор од 9 години за Боки 13 и 7 за Јанева.

Јовановски беше обвинет на 9 години затвор во случајот Рекет, Катица Јанева доби 7 години казна затвор!

Имено денеска Боки 13 во судницата рече дека тој незнае каде се парите од случајот Рекет, за кој тој е првоосомничен, и истите да ги бараат парите кај Зоран Заев и Вице Заев.

-Јас овој ден ќе го прогласам како ден на политичката кампања во Македонија. Донесовте политичка одлука. Рекетираните пари барајте ги кај Зоран и Вице Заев – кажа Јовановски по што судијката побара да биде изнесен надвор доколку не зборува за пресудата.

Боки истакна дека е свесен оти судот нема да го прифати неговото барање за домашен притвор, иако неговата здравствена состојба го налага тоа.

-Сметам дека притворот којшто ми беше определен беше тенденциозен. Нема да се дадам во бегство. Едвај го чекам први јули, едвај чекам да дозволите да отидам во ЈО овие денови да ги пријавам сите кривични дела за сите вистински сторители на кривични дела. Знам дека ќе ми го продолжите притворот поради тоа што така ви е наредено – кажа Боки-13.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.