Боки 13 со полициско возило е спроведен од истражниот затвор Шутка до Обвинителството за организиран криминал.

Објавил: admin@magazin | 23 септември, 2019 12:20

БОКИ 13 ГО СМЕНИ ЛИЧНИОТ ОПИС: Кај Рускоска пристигна со нова фризура(ВИДЕО)

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Бојан Јовановски или познат како Боки 13 со лисици на раце предмалку беше донесен на распит кај обвинителката Вилма Рускоска, објави А1он.

Пред да пристигне прво обвинетиот Боки 13, во обвинителството пристигна неговиот адвокат Сашо Дуковски.

Боки 13 со полициско возило е спроведен од истражниот затвор Шутка до Обвинителството за организиран криминал. Лицата Бојан Јовановски и Зоран Кичеец се сомничат дека сториле кривично дело Примање награда на незаконит начин, за кое се собрани повеќе вербални и материјални докази, изјави на прес конференција обвинителката Вилма Рускоска.

Од ноември лани, до април годинава, првоосомничениот влијаел преку јавен обвинител да се олесни кривичниот прогон кон одредено лице за кое се водело постапка.

Боки 13 е осомничен за рекет од 1,5 милиони евра со ветување дека ќе влијае на истрага, преку влијание на јавен обвинител. Обвинителството побара притвор за Бојан Јовановски и бизнисменот Mилевски. Двајцата се осомничени за кривичното дело Примање награда за противзаконито влијание, а Боки 13 е осомничен и за кривичното дело Перење пари.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести