Снимките кои биле доставени траат по десетина секунди, а се обезбедени од неколку камери поставени во домот на Камчев.

Објавил: Катерина Крстиќ | 6 февруари, 2020 12:05

Боки 13 и Кичеец половина час се задржалекај Камчев- излегле со торбата „луј витон” и се качиле во портокалов џип

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Денеска во Основниот суд- Скопје се разгледуваат доказни материјали, снимки доставени од бизнисменот кој е сведк за случајот Рекет, Орце Камчев.

Снимките кои биле доставени траат по десетина секунди, а се обезбедени од неколку камери поставени во домот на Камчев.

На снимките кои Камчев ги достави до обвинителството може да се види како на 20 февруари, во домот на Камчев сам доаѓа Зоран Милевски Кичеец, а потоа си оди, пренесува Фокус.

Во судењето за Рекет како докази ќе се земат и видео снимките кои ги објави италијанскиот весник Ла Верита.

Вториот пат, Кичеец во домот на Камчев доаѓа во 15 и 34 часот заедно со првообвинетиот Бојан Јовановски. На снимката може да се забележи како по триесетина минути, во 16.10 часот, двајцата излегуваат од домот на Камчев, а Кичеец во раката носи торба „луј витон”.

Обвинителката Ивана Трајчева појасни дека откако излегуваат, од домот на Камчев, влегуваат во портаколовиот џип на Кичеец, марка „тирок” а тој торбата ја остава на задното седиште, 

Судењето е во тек.

Инаку денеска непосредно пред започнување на судењето Боки 13 упати неколку недолични зборови кон обвинителката Рускоска која е застапник на обвинението и при тоа на кратко беше изнесен од судницата.

„Корумпирана обвинителке, Затоа што имам малигнитет вие со сила вршите тортура врз мене“- рече Јовановски.

Боки е гневен на тоа што Рускоска не дава зелено светло тој да биде пуштен во домашен притвор.

Што се смееш на малигнозна состојба? Господ нека ти врати! Вршиш тортура врз мене и тоа сите го гледаат!

Боки соопшти дека му е констатирана нова здравствена состојба, односно дека има канцер на желудник.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.