Кон барањето за иземање на обвинителката Русковска, се приклучи и обвинетиот Бојан Јовановски – Боки 13.

Објавил: Катерина Крстиќ | 1 јули, 2020 17:14

Боки 13: Кичеец е пуштен зошто со Рускоска треба да местат избори- бараме нејзино изземање од “Рекет 2”

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Заврши судењето за случајот „Меѓународен сојуз“, кое воедно беше одложено за 21 јули 2020 година, поради барањето на поранешната потпретседателка на Собранието и пратеничка од редовите на СДСМ Фросина Ременски за изземање на обвинителката Вилма Русковска за понатамошно постапување во овој случај.

Во случајот „Меѓународен сојуз“,  обвинети се Јасна Мандиќ, Бојан Јовановски – Боки 13, Миле Јовановски, Фросина Ременски и Христина Блажеска. 

Имено пратеничката Ременски, до Јавното обвинителство на Македонија преку нејзиниот адвокат Владимир Донески, доставила барање во кое образложува дека има сомневање во пристрасноста на постапувањето на обвинителката Вилма Русковска.

Кон барањето за иземање на обвинителката Русковска, се приклучи и обвинетиот Бојан Јовановски – Боки 13.

Се приклучувам на барањето за изземање на Вилма Рускоска бидејќи јас сум жртва на гол политички систем, рече Бојан Јовановски и додаде: Рускоска го застапуваше предметот „Рекет“ тенденциозно и селективно, а со нејзина согласност судот донесе одлука Кичеец да биде пуштен на слобода. Тој е пуштен бидејќи идат избори и заедно со Рускоска треба да местат избори, рече Боки по што судијката го прекина неговиот говор.

На ова се огласи и Вилма Русковска, која истакна дека никогаш не работела пристрасно, и единствено што ја интересира за одреден предмет на кој работи е дали има криминал.

„На кратко го видов барањето за мое изземање и од она што успеав да го прочитам можам да кажам дека апсолутно не држи барањето, но нека одлучи јавниот обвинител на Република Македонија. За цела моја кариера никогаш пристрасно не сум се однесува кон ниту еден предмет, а сум сработила повеќе од 1.000 предмети. Од 90 година како стручен соработник и нема никогаш да си дозволам емоции или било што друго да ме води при постапување на предмет. Единствена работа што ми е важна е само дали е сторено кривични дело и дали има докази. До сега работев така, а така и ќе биде до крајот на мојата кариера.
За случајот „Меѓународен сојуз”, Русковска нагласи дека очекува да докаже дека обвинетите ги сториле кривичните дела за кои ги гони.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.