Криминално дело или кражба од МТВ, е многу посрамно од тоа дали некој ќе направи лапсус во говорот или не.

Објавил: Рејхан Бајрами | 24 август, 2019 9:33

БОКИ 13: “Ова што го гледаме овие денови со Катица Јанева е смешно и трагично”

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Криминално дело или кражба од МТВ, е многу посрамно од тоа дали некој ќе направи лапсус во говорот или не, ја бранеше Боки 13 обвинителката Катица Јанева, во времето на шарената револуција.

Она што го гледавме овие денови мене ми беше смешно и во исто време и трагично, а она што и се случуваше на специјалната обвинителка (Катица Јанева) за мене е поразувачки, гласеше изјавата на Бојан Јовановски Боки 13, во времето на тн. шарена револуција.

Бојан Јовановски, познат како Боки 13, и Зоран Милевски, познат како Зоки Кичеец, моментално се наоѓаат во „Шутка„ а се осомничени за примање награда за противзаконито влијание, а едниот од нив се сомничи и за перење пари.

Според Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во периодот од април 2018 до април 2019 година тие барале рекет од бизнисмен, за преку извесен јавен обвинител чиј идентитет не беше соопштен, да биде олеснета постапката што се води против него. Од бизнисменот биле барани 8 милиони евра, а добиле 1,5 милиони евра.

Погледнете го видеото, тие што беа и останаа обожаватели на трите македонски Чарлиеви ангели.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести