Очигледно е дека ни затворските ќелии не му можат против стилот кој го негуваше пред да биде уапсен.

Објавил: admin@magazin | 27 септември, 2019 14:22

БОКИ 13 од затвор изгледа како МИЛИОН ДОЛАРИ: Пред Рускоска се појави со патики од 500 евра(фото)

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Боки 13 пред два дена се појави во Обвинителството за организиран криминал за да ги види доказите против него во аферата „Рекет“.

Бојан Јованоски пристигна од затворот Шутка во обвинителството за организиран криминал со полициски возила, скоцкан од глава до пети.

Очигледно е дека ни затворските ќелии не му можат ништо против стилот кој го негуваше и пред да биде уапсен.

Боки 13 пред два дена се појави во Обвинителството за организиран криминал со патики од 500 евра, од познатиот светски бренд „Баленсиага„ ФОТО: Слободен печат

На јавноста и „падна“ во очи стајлингот во кој тој дојде во Обвинителство. Она што привлече најмногу внимание на фоторепортерите и медиумите беа патиките од познатиот бренд „Баленсиага“ кои чинат околу 500 евра, објави Слободен печат.

Ова е второ спроведување на Боки 13 во обвинителството оваа недела откако во понеделникот беше донесен за првпат.

Тогаш, се очекуваше дека е спроведен за исказ, но доби известување дека истрагата е завршена.

Неговиот адвокат Сашо Дуковски остро реагираше бидејќи осомничениот бил повикан за исказ а му било доставено решение за завршена истрага.

Боки 13 тогаш не сакаше да даде исказ затоа што немале увид во доказите, па прво побараа да го направат увидот, а потоа да даде исказ.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.