Имено Боки на неколку наврати соопшти дека во случајот се вмешани повеќе политичари, а на денот на судењето тој се обрати до судиите да ги бараат парите кај Зоран и Вице Заеви, по што беше отстранет од судницата.

Објавил: Катерина Крстиќ | 9 јули, 2020 16:12

Боки 13 потврди: Кривичните пријави се против политичари од власта- ќе ме спречат само ако ме лишат од живот

Фото/Текст извор: ©магазин.мк фото правдико

Првообвинетиот во случајот Рекет, Боки 13 кој доби 9 години казна затвор за истиот, денеска потврди дека поднесените кривични пријави се против политичари.

Имено Боки на неколку наврати соопшти дека во случајот се вмешани повеќе политичари, а на денот на судењето тој се обрати до судиите да ги бараат парите кај Зоран и Вице Заеви, по што беше отстранет од судницата.

Тој денеска со порака дека единствен начин да го спречат е да го убијат, потврди дека кривичните пријави ги поднесува против политичари од власта.

Бојан Јовановски Боки 13-ка денеска во Обвинителството поднесе кривични пријави за 40-тина функционери, а се однесуваат на 20 кривични дела, меѓу кои и обид за убиство, злосторничко здружување, изборна измама, тендерски местења, шпионажа. Дел од нив се поврзани со случаите „Рекет“ и  Меѓународен сојуз, но и кривични дела за кои јавноста не е запознаена, а Боки 13 тврди дека бил директен сведок.

Писмото од Боки пред медиумите го прочита неговиот адвокат Сашко Дуковски, а во него Јовановски вели пријавите се однесуваат на носители на јавни функции, кои се дел од актуелната власт, луѓе од нивните семејства и блиски до нив, како и бизнисмени.

Боки во писмото посочува дека тој и неговото семејство цело време добиваат уцени и закани, од оние кои знаеле дека ќе заработат кривични пријави.

-Одговорно ви тврдам дека нема да ме спречат во што и да сакаат да применат и било кои методи на уцени и на закани. Единствено ќе ме спречат доколку ме лишат од живот, односно доколку посегнат по мојот живот. Но, повторувам нема да ме спречат во мојата чесна граѓанска обврска и должност, ниту пак ќе ме спречат, ниту пак ќе ме спречат во мојата намера во борбата со вистинските криминалци и сторители на кривични дела, изјави Дукоски.

Јовановски потенцираше дека уште минатата година побарал да ги поднесе кривичните, но бил одбиен од републичкиот јавен обвинител.

-Во месец ноември 2019 година побарав да бидам изведен пред јавниот обвинител на Република Македонија, Љубомир Јовески, но бев грубо и дискриминирачки одбиен преку негови изјави за медиумите, со што го доведе во прашање својот професионален и личен интегритет и дигнитет, бидејќи покажа селективност, предрасуди и исклучителна непрофесионалност делејќи и лични квалификации за мене, изјави Дукоски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести