На барање на Русковска, судијката Васка Николовска-Масевска го опомена Јовановски да не ја нарекува само „Вилма”.

Објавил: Перо Милчин | 7 мај, 2020 15:50

БОКИ 13 ПРОЗБОРЕ ВО СУДНИЦА: Заев ми кажа дека мене и Јанева не следат странски служби!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Обвинетиот во случајот „Рекет“, Бојан Јовановски – Боки 13, при денешното изнесување на одбраната, изјави дека „поранешниот премиер Зоран Заев го известил еден месец пред случајот да биде пријавен во Обвинителството“.

Бојан Јовановски Боки 13 тврди дека лично од тогашниот премиер Зоран Заев дознал дека странски служби и обвинител имаат предмет против него и Катица Јанева уште на 3 април 2019.

„Она што е многу важно да се знае е дека самата обвинителка Вилма Русковска во јавен настап кажа дека уште во јануари комуницирала со Камчев. Како може Камчев да нема доверба и да го пријави случајот кај неа дури на 2 мај 2019? Не е тоа, туку со овој случај се тргуваше зашто ова беше предмет на уцена. На Катица Јанева ѝ беше кажано или ќе даде оставка или ќе следува ова што денеска се случува“,
тврди Боки.

„Од Орце не можеш 50 денари да земеш, а не пак 1,5 милион евра“, негира Јовановски цело време во денешниот исказ дека го рекетирал Камчев, одговарајќи на директни прашања, по кои следуваат вкрстените што ќе ги поставува обвинителката за организиран криминал Вилма Русковска.

На барање на Русковска, судијката Васка Николовска-Масевска го опомена Јовановски да не ја нарекува само „Вилма”.

„Се извинив веднаш, а ако треба и ќе се поклонам”, кажа Боки 13.
„Дозволете му да се поклони судија, ако толку веќе сака”, рече Русковска.

„Обвинителке ви се поклонувам што ѝ го зазедовте местото на Катица Јанева, кое толку го сакавте”, се поклони Боки кон Русковска.

„Случајот го пријавил Камчев и извесен Радивоје од Бугарија, кој го учел да снима. Зошто не го прифати судот Заев за сведок? Кај него пријавил Орце криминал. Зошто не отишол Орце кај Вилма? Која е улогата на директорот на УБК Горан Николовски кој само ја ислушал Ана Камчева наводно дека сум ги рекетирал, а не направил службена белешка? Овие сведоци судот не ми ги прифати”, забележа Јовановски.

Поради ова сум во притвор, рече тој. Се посомнева дека ќе допре не сакајќи некоја од соголените жици од бојлерите во Шутка, или дека ќе се самоубие, како што рече, во кофа.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.