Боки 13 се пожали во судот дека неговите родители повеќе не се во можност да му доставуваат храна во притворот додавајќи дека тој не планира да ја конзумира затворската храна и најави дека ќе бара и меѓународна докторска потврда за неговата лоша здравствена состојба.

Објавил: Катерина Крстиќ | 27 јануари, 2020 15:57

БОКИ 13: Против мене се води тивка и стихијна ликвидација

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Денеска обвинителката Лиле Стефанова, сведочеше за случајот Рекет. Веднаш по завршувањето на рочиштето, Бојан Јовановски кој е првообвинет во случајот се обрати до судијката дека нема да се појави на закажаната интервенција на 4 февруари. Тој објасни дека не се прифаќа ниту еден наод за неговата лоша здравствена состојба.

Бојан Јовановски по денешното рочиште рече дека против него се води тивка ликвидација.

Боки 13 се пожали во судот дека неговите родители повеќе не се во можност да му доставуваат храна во притворот додавајќи дека тој не планира да ја конзумира затворската храна и најави дека ќе бара и меѓународна докторска потврда за неговата лоша здравствена состојба.

Моето здравје и живот ги ставам во прв план, но други одлучуваат за мене. Против мене се води тивка и стихијна ликвидација, рече Јовановски.

За потсетување по две одложувања денеска конечно обвинителката Лиле Стефанова сведочеше пред Кривичниот суд за случајот „Рекет”.

Стефанова денеска сведочеше како течела истрагата за „Империја”.

– Чудно беше како Камчев знаеше дека ќе му вршиме претрес. Истражителите дојдоа во 6 сабајле, Камчев ги дочека облечен и подготвен. Таму беше и Зоран Милески Кичеец, а подготвена чекаше и неговата сопруга Ана. Кога се вршеше претрес во „Орка Холдинг“, канцелариите веќе беа исчистени, а таму чекаа Михајло и Филимена Маневски.

Стефанова пред судот рече дека речиси секогаш обвинетите во случајот Империја, го знаеле следниот чекор на обвинителството. Таа додаде дека Камчев се обидувал да влијае преку политичари, емисари, обвинители, судии, бизнисмени.

Стефанова денеска рече дека Јанева ја принудувала да го затвори случајот „Империја“ и да се пуштат од притвор Камчев и Панделевски и уште тројца осомничени во Империја.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.