На една од аудиоснимките кои денеска беа пуштени во судницата првообвинетиот Боки 13 како да насетувал дека можеби некој ги прислушкува разговорите со Камчев, или дека ожеби тие се снимаат.

Објавил: Катерина Крстиќ | 13 февруари, 2020 16:02

Боки 13 се сомневал во Камчев: Некој ни го слуша разговорот, мора да се видиме на само

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

На денешното рочиште за случајот Рекет, се преслушуваа снимки кои сведокот Орце Камчев ги дал во Обвинителството.

На една од аудиоснимките кои денеска беа пуштени во судницата првообвинетиот Боки 13 како да насетувал дека можеби некој ги прислушкува разговорите со Камчев, или дека ожеби тие се снимаат.

Во судот денеска се презентираа околу десетина снимки кои бизнисменот Камчев ги поседувал за случајот „Рекет“. Бранителите на првообвинетиот Јовановски и второобвинетата Катица Јанева ги оспоруваат снимките со образложение дека немаат ниту датум ниту време и дека тие не можат да служат како докази за случајот бидејќи со нив не може да се докаже кој со кого разговара.

Тој со резерва му вели на Камчев дали е сам во возилото, на што тој одговара дека е сосема сам, дека нема ниту шофер.

„Дај да се заврши веќе ова. Сите имаме интерес, вие имате еден интерес, јас друг, но сеедно, сите сакаме да се заврши”, му вели Камчев на Јовановски.

Како што можеше да се слушне од приложениот разговор Боки 13 упорно настојува тие да се видат лично, бидејќи како што вели не знае со кого е бизнисменот.

„Не знам со кого си за да можам да разговарам”, вели Јовановски.
„Сам сум Боки, сам, возам кола! Немам ни шофер”, му вели Камчев.
„Не знам, некако почувствував дека разговорот ни го слушаат”, одговара Јовановски.
„Аман, не сме деца, ваљда знаеме што правиме”, му вели Камчев.

Инаку целиот разговор кој го водат Боки и Камчев се однесува на укинувањето на мерката домашен притвор за бизнисменот Камчев, а Јовановски го советува да не се советува со многу адвокати и да го слуша него.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.