,,Не може сите лекари да грешат, сите се согласни дека треба да биде на хигиено диететски режим, кој не може да биде воспоставен во КПУ Скопје.

Објавил: admin@magazin | 23 јануари, 2020 11:44

Боки 13 се чуствува дискриминиран: Вие си играте со мојот живот, не сум експериментално глувче

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

На денешното судење за случајот „Рекет” Бојан Јовановски се пожали дека здравствената состојба не му е подобрена и дека нема повеќе да оди на дополнителни испитувања.

Бојан Јовановски на денешното рочиште за случајот “Рекет” изјави  дека судиите си играат со неговиот живот и порача дека не е експериментално глувче.

„Јас сум 55 пати до сега на доктор, има конкретни упатства. Органот кој ми е опфатен е пред малигнитет. Има специјалистички и субспецијалистички наоди како да се постапува со мене, не се постапува, се чувствувам дискриминиран“, рече Јовановски.

Судијката кажа дека се што до сега било побарано од него, судот дал дозвола.

„Ве молам не си играјте со мојот живот, не сум експериментално глувче“, додаде Јовановски.

Сами можете да бидете свесни каква е состојбата на лице кое 55 пати се носи на прегледи, рече Сашо Дуковски, адвокат на првообвинетиот во ,,Рекет”, Бојан Јовановски.

,,Не може сите лекари да грешат, сите се согласни дека треба да биде на хигиено диететски режим, кој не може да биде воспоставен во КПУ Скопје. Се испитува дали можеби чировите кои ги има на она што му е останато од желудникот се карцином”, рече Дуковски.

,,Наодите се дадени во странство, иако нашите субспецијалисти се доволни. Доколку се случи нешто со Бојан Јовановски, многу лица ќе бидат опфатени со кривични пријави. Ова е изживување”, додаде Дуковски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести