Па така, ако се тргне од изборните кампањи во 2016 на парламентарните избори и 2017 за локалните избори, се доаѓа до поврзаноста и на актуелниот градоначалник на Карпош Стефан Богоев со Бојан Јовановски (Боки 13), како и нивна семејна поврзаност во бизнисот.

Објавил: Весна Петровска | 19 јули, 2019 16:22

Боки 13 СО КЕШ ја финансирал кампањата на Богоев и СДСМ во Карпош

Фото/Текст извор: ©оналјн магазин

Случајот Рекет го отвори криминалниот октопод на СДСМ, во кој покрај Кики и Фрики, вмешани се и други функционери на партијата на власт, Вечер.мк открива  нова афера во која се поврзани Боки 13 и градоначалникот на Карпош Стефан Богоев.

Па така, ако се тргне од изборните кампањи во 2016 на парламентарните избори и 2017 за локалните избори, се доаѓа до поврзаноста и на актуелниот градоначалник на Карпош Стефан Богоев со Бојан Јовановски (Боки 13), како и нивна семејна поврзаност во бизнисот.

Да одиме по ред.

Градоначалникот на Карпош Стефан Богоев е близок пријател со Бојан Јовановски. Толку е близок, што татко му Владо Богоев е член на управниот одбор на Меѓународниот сојуз на Боки. Тоа стои и на официјалниот сајт на организацијата. Заедно со него таму се и Фросина Ременски и Коста Костадинов, портралот од СДСМ.

Градоначалникот на Карпош Стефан Богоев е близок пријател со Бојан Јовановски. Толку е близок, што татко му Владо Богоев е член на управниот одбор на Меѓународниот сојуз на Боки. Тоа стои и на официјалниот сајт на организацијата. Заедно со него таму се и Фросина Ременски и Коста Костадинов, портралот од СДСМ.

Фотографија од свадбата на Богоев

Да се навратиме на кампањата.

Кампањата на Богоев

 

Според финансискиот извештај на СДСМ за првиот круг од локалните избори, јавно достапен на овој линк, може да се увиди дека СДСМ немале ставка за закуп на билборди, односно дека не закупиле билборди за рекламирање. Но, за Стефан Богоев во Карпош биле закупени 78 билборди.

Симпатизарите на СДСМ

Во Карпош, според официјалните ценовници, најефтиниот е 600 евра, најскапиот е 1.900 евра кај мостот Обединети нации. Ако Стефан го имало на билборди, а СДСМ не пријавиле дека закупиле билборди, тоа значи дека билбордите се платени во кеш. Само по оваа основа, некој на Богоев му кеширал во кампања најмалку 78.000 евра.

Ниеден градончалник немал во историјата на независна Македонија толку билборди колку Стефан, а дека ја имал најскапата индивидуална кампања за поединец во историјата на избори во Македонија, говорат и следните факти кои можете да ги прочитате на ВЕЧЕР

Градоначлникот Стефан Богоев го демантира текстот на Вечер.

Во продолжение прочитајте ја писмената реакција на градоначалникот.

–  Целосно ги демантираме тврдењата дека Бојан Јовановски ја финансирал кампањата на градоначалникот на Општина Карпош и член на Извршен одбор на СДСМ, Стефан Богоев.
Коалицијата за локални избори предводена од СДСМ, во кампањата за локални избори 2017 година, за сите кандидати за градоначалници на СДСМ, вклучително и за Стефан Богоев има склучено договори за закуп на билборди.
Плаќањата за закупените билборди се извршени преку Наменеската сметка за локални избори 2017 година.
Лага е дека се плаќало на луѓето кои работеле во кампањата за Стефан Богоев. Во кампањата на Богоев, но и во кампањите на сите други кандидати за градоначалници, на волонтерска основа делуваат активистите и членовите на СДСМ и коалициските партнери. Не се плаќало ниту за дневници, ниту за други трошоци.
Сериозна лага е веста дека се купувале гласови во Нерези и Злокуќани!
Заврши времето кога се вршеше поткуп за глас или се уценуваше со присуство на митинг за да се задржи работното место.
Во текстот на „Вечер“ нема ниту еден конкретен доказ и аргумент.
Лажните вести најдобро говорат за ВМРО-ДПМНЕ и за квази новинарите, кои немаат храброст да се потпишат зад текстот.
Лажните текстови се рефлексија на фактот што во Карпош повеќе нема соработка меѓу градоначалникот и градежната урбана мафија, туку законот важи подеднакво за сите инвеститори.
Општина Карпош денеска е меѓу водечките локални самоуправи, а Богоев е меѓу градоначалниците во кои граѓаните имаат најголема доверба.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.