Таа исто така на својот Фејсбук профил пред некоја година напиша исто емотивно писмо адресирано кон нејзиниот непреболен Тоше.

Објавил: Весна Петровска | 15 октомври, 2019 21:42

Болката на Весна Бејби за Тоше се уште пече: Помислувам како денес ќе пееше и како ќе се смееше!

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Актерката Весна Бејби Петрушевска на својот Фејсбук профил напиша емотивна порака за прерано загинатата ѕвезда Тоше Проески.

Весна Бејби ја имаше таа привилегија и чест во секоја сезона гостин да и биде нејзиниот омилен пејач и пријател Тоше, нашата ѕвезда за жал и го направи последното интервју токму во емисијата на Весна Бејби Петрушевска.

 


Јас се сеќавам на 15ти октомври, на оној другиот ден беше вторник и не се сеќавам многу…зошто и би се потсетила?но, затоа таа понеделничка вечер ме гребе …12 години! Се ми е кристално јасно и неговиот чекор,неговата силуета како се прикрадува за да ме изненади , широката насмевка и задршката на сопственото разочарување.Ја паметам онаа силна прегратка . Кога некој ќе ми каже дека е роден 1981 година, таа година емотивно ме врзува само за него.Помислувам јас многу често како ќе пееше денес,на што ќе се смееше, за што ќе беше нервозен …имам многу сеќавања со него, велат само тогаш знаеме колку сме биле, колку сме живееле и зошто да го браниме нашиот живот. Колку е се бесмислено кога таков лик ќе исчезне преку ноќ…вечерта е тука, утрото го нема…беше ладен и дождлив октомври…мене барем ми беше така….вечерва исто…те сакам бескрајно и те чувам повеќе од што мислиш бејб.

Таа исто така на својот Фејсбук профил пред некоја година напиша исто емотивно писмо адресирано кон нејзиниот непреболен Тоше.

„Најсакан мој Ти,

за мене оној 16 октомври е секогаш ден порано. Поминаа единаесет години од оној мрачен и маглив вторник. Таму каде беше…тука сончев и топол ден.

Се сеќавам на ладниот ветер, не знам зошто. Првата мисла кога слушнав е дека никогаш нема да те видам и да те гледам насмеан и распеан. И утре е вторник….Мислев едно време дека со годиниве ќе спласне тагата, ќе се замагли споменот. Нема врска! Исто е како оној вторник.

Те чувам и те слушам. Ќе ги слушнат и новите песни…ама знам дека фантазијата е пожестока од знаењето, сонувањето за кое зборуваше е вистина, надежта која ја делеше наоколу е најголемата победа и покрај сите муабети што ги слушаше за себе, а смеата која ја слушам ден денес е најголема утеха за тагата.

Верувам дека љубовта е посилна од смртта. Твојата љубов!

Ми фалиш…онака под око да погледнеш и да гушнеш силно.

Те сакам…“

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.