По трагичната смрт на Тоше таа буквално се повлече од јавноста и веќе не е менаџер. Денеска навршуваат цели 12 години без нашиот еден и единствен Тоше Проески.

Објавил: Катерина Крстиќ | 16 октомври, 2019 10:47

„Болна сум, не одам на неговиот гроб “: Лилјана Петровиќ конечно проговори пред јавноста- открива што и подари Проески пред да загине

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Сигурно ја паметите Лилjана Петровиќ , менаџерката на нашата најголема ѕвезда Тоше Проески. Дури по 12 години непребол, за Лилjана бавно поминува откако го нема Тоше Проески.

Тоше Проески и неговата менаџерка Лилјана Петровиќ

По трагичната смрт на Тоше таа буквално се повлече од јавноста и веќе не е менаџер. Денеска навршуваат цели 12 години без нашиот еден и единствен Тоше Проески.

Откако Тоше си замина од овој свет,  во трагичната сообраќајна несреќа за Лилjана октомври е најтажниот месец  во годината.

– Се чувствувам лошо. Јас сум болна и не сум добро. Веројатно тагата си го прави своето, целиот овој месец не се чувствувам добро и не сум расположена. И така секоја година во овој период. Тажена сум – вели Лилjана, која започна да работи со македонската ѕвезда во 2002 година.

Лилјана во едно интервју вели дека тие биле неразделни, а ги чува и сите подароци од него кои всушност и се најдраги.

– Знаете, работевме толку напорно што во тие пет години од нашата соработка бевме неразделни, делевме ден и ноќ и секој момент. Ги чувам сите подароци од него, тие ми се омилени. Нашите фотографии од нас насмеани висат на ѕидот. Го сакам неговиот часовник што тој ми го даде за неговиот роденден, последен пат. Јас ќе го чувам тоа засекогаш “, вели таа и со тага во гласот признава дека нема сила да оди на неговиот гроб: Јас не одам на гробот затоа што тој е околу мене. Едноставно не сакам да прифатам дека тој го нема. Јас секогаш се чувствувам лошо во овој период затоа што ме потсетува дека тој навистина го нема. Не можам да објаснам, вели Петровиќ .

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.