НАТО и по скоро 20 години не сака да признае дека бомбардирањето на Србија беше непромислена и илегална акција во која животот го загубија над 2.000 цивили

Објавил: Мартин Попоски | 14 октомври, 2018 13:55

Бомбардирањето на Југославија беше грешка која не може да се оправда

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

И НАТО знае да згреши, или зошто НАТО ги толерира блиските воедни и економски односи на Србија со Русија и Кина?

Чешкиот претседател, Милош Земан, изјави дека бомбардирањето на Југославија (Сојузна Република Југославија – Србија – Белград) од страна на НАТО било грешка за која сега нема потреба да се бара алиби за да се оправда.

Коментирајќи ја изјавата на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, за време на неодамнешната посета на Белград дека воениот сојуз ја бомбардирал СРЈ за да ги заштити цивилите и да го спречи режимот на Милошевиќ, Земан за чешките медиуми изјави:

Мислам дека таа војна беше голема грешка и сега не треба да бараме алиби со цел да се оправда грешката.

Изјавата на чешкиот претседател кореспондира со изјавите на бројни претседатели и премиери од земјите на ЕУ но и земјите од Евроазиската Унија кои воената интервенција на НАТО врз Србија и Белград ја оценуваат како фашистички потег.

Воедно изјавите на Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, поранешен КГБ агент, иако беа обвиени со доза на сентименталност затоа што неговиот татко беше амбасадор во СФР Југославија а Столтенберг дел од детството помина во Белград, сепак наидоа на остри реакции, особено со изјавата дека НАТО ја бомбардираше Србија за доброто на српскиот народ.

НАТО бомбардирањето беше целосно илегална операција, поради која требаше оставка да поднесе и Генералниот Секретар на организацијата, Генералнисот Секретар на Обединетите Нации но и Претседателот на САД, Бил Клинтон.

*НАТО-воto бомбардирање на Сојузна Република Југославија (Операција “Сојузничка сила”, анг. “Operation Allied Force”) беше воена операција на НАТО против СР Југославија што траела од 24 март до 10 јуни 1999 година, како дел од Косовската војна.

Тоа е втора поголема борбена операција во историјата на НАТО, по бомбардирањето на босанските Срби во 1995 година.

При бомбардирањето на НАТО вршени се напади врз воени цели, но и врз стопански и цивилни објекти. Во нападите што траеле 78 дена без прекин, тешко се оштетени бројни инфраструктурни објекти, стопански објекти, училишта, здравствени установи, медиумски куќи, споменици на културата, цркви и манастири.

Бројот на цивилни жртви изнесува околу 800 – 1.800 загинати. Економската штета е проценета на 30 милијарди долари.

НАТО бомбардирањето врз СРЈ беше некако брането како легитимно, со добро посакувана хуманитарна причина.

Бомбардирањето беше без согласност од Обединетите Нации, каде Генералниот Секретаријат забранил воени акции, исто така ова бомбардирање немаше согласност и од американскиот Конгрес кој што ги отфрлил идеите од тогашниот американски претседател Бил Клинтон, да се предложи да се нападне СРЈ, иако Американскиот претседател реагирал неуставно според американските закони.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.