Клучни ќе бидат сведочењата на осомничените Јанева и Јовановски, но и на сведокот Зоран Милевски Кичеец, кое може да биде дури и пресвртно.

Објавил: admin@magazin | 8 декември, 2019 10:13

ГЕРОСКИ: Зоран Заев и Вице, не се идиоти или будали, но сега тие се понервозни и од Камчев

Фото/Текст извор: ©плус инфо

Од претходните изјави и од сведочењето на Камчев, веќе знаеме дека тој случајот „Империја“ (истрага на СЈО отворени нелегално, после законски дозволениот рок) го смета за обид на една група луѓе поврзани со власта да го уништат, економски и на секаков друг начин, пишува во најновата колумна новинарот Бранко Героски.

Другарчиња, на некои од вас памет никако не им доаѓа и тука изгледа помош нема. Освен тоа, имам впечаток дека неко измеѓу вама није ваш…
Се запрашал ли некој умен, некој што ви мисли добро (не некој како мене, лошиот и суетниот), што уште може да се напише, да се допише, да се каже и да се објави, за да се доискомпромитира бизнисменот Орце Камчев, кој е во центарот на аферата „Рекет“? Постои ли некој нов, досега непознат факт, или некој нов, досега несмислен спин, што ќе ја направи сликата за него уште поцрна? Патем речено, да бидеме искрени, самиот Камчев е далеку од тоа да се есапи за невин за таквата перцепција во јавноста…
Што знаеме, а што не?

Ја слушнав новата „бомба“, објавена на каналот Јутјуб и преобјавена во поголем дел од македонските интернет медиуми. Тој краток, вешто измонтиран колаж од искази на Камчев, од кои може да се слушне дека бизнисменот прилично нервозно бара контакт со Вице и Зоран Заеви, за да се смирела топката (меѓу Камчев и Заеви, но и меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, ако добро разбирам), зашто во спротивно ќе имало нови бомби и „крв до колена“. Метафорично, де.
Има ли во оваа „бомба“ нешто ново, нешто што не го знаевме до сега?
Од претходните изјави и од сведочењето на Камчев, веќе знаеме дека тој случајот „Империја“ (истрага на СЈО отворени нелегално, после законски дозволениот рок) го смета за обид на една група луѓе поврзани со власта да го уништат, економски и на секаков друг начин. Знаеме дека Камчев рекетирањето од страна на осомничените Бојан Јовановски и Катица Јанева го пријавил кај Зоран Заев.

Знаеме дека Камчев верува (и сведочи) дека Заев го посоветувал рекетот да го пријави кај обвинителката Вилма Русковска. Знаеме дека Камчев во сведочењето не го товари Заев за ништо. Конечно, од објавената снимка, знаеме дека тоа истото Камчев го зборувал и во септември годинава (кога најверојатно е снимен разговорот), имено дека Заеви не се таргет на бизнисменот. Напротив, тој бара контакт со нив. Помош. Прекин на огнот, што би се рекло.
Со еден збор, содржината на снимениот материјал не донесува баш ништо ново. Но, сепак има нешто што не знаеме и за што навистина вреди да се размислува – кој и со каква цел ги објавил парчињата од снимениот разговор?
Не се ни обидов да ги проверам наводите на порталот Инфомакс, кој тврди дека веќе подолго време овие разговори биле пуштани на различни состаноци помеѓу луѓе блиски до Зоран и Вице Заеви. Снимките ги пуштал тој што ги снимал, а освен другарска врска, снимателот наводно бил и во бизнис релација со Вице Заев, тврди Инфомакс и додава дека последниот состанок на групата се одржал во Банско, Бугарија, каде што присуствувале пет лица, наводно познати на редакцијата. Велам, не се ни обидов да се информирам за деталите, бидејќи за тоа нема ни потреба – јасно е дека Камчев разговара со луѓе кои имаат конекција со Заеви, бидејќи нелогично би било од луѓе блиски до Христијан Мицкоски, на пример, тој да бара контакт со премиерот и со неговиот брат.
Има ли Мицкоски есап?

Првата дилема што се наметнува е многу едноставна – дали Зоран и Вице Заеви го организирале снимањето и дали го контролирале објавувањето на снимката?
Познато е дека немам високо мислење за способностите на Зоран Заев да ги менаџира политичките кризи во кои запаѓа. Како онаа со аферата „Рекет“. За Вице Заев, пак, немам никакво мислење, бидејќи не го познавам човекот. Но, искрено, не верувам дека Заеви се организатори на „бомбардировката“. Зошто? Во сите свои искази, вклучувајќи го и последниот, на суд, Камчев ја потврдува верзијата на Зоран Заев за начинот на кој тој, премиерот, се справувал со случајот „Рекет“.

Камчев потврдува дека Заев го посоветувал рекетирањето да го пријави кај обвинителката Русковска, а и дека самиот премиер пријавил. Заеви би биле тотални идиоти кога би детонирале „бомба“ од која може да произлезе сомневање дека сепак имало обиди (можеби и успешни) за комуникација и евентуално за пазар меѓу нив и Камчев.

Можеме да мислиме што сакаме за Зоран и за Вице, но никако дека се идиоти или будали. Напротив, велат дека на двајцата не им недостасува итроштина за вакви игранки. Затоа и сум убеден дека тие двајцата сега се понервозни од самиот Камчев, бидејќи се свесни дека „бомбата“ е фрлена во нивниот бункер. И веднаш нова дилема – ако не се Заеви, кој друг би можел да стои зад оваа работа?
Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, несомнено има сериозен политички интерес јавноста да види, или барем да се посомнева, дека токму Зоран Заев е клучната личност во аферата „Рекет“, па затоа Камчев барал средба со Заеви. Тоа е одлична предизборна приказна. Интересот на опозицијата да го искомпромитира Заев на секаков можен начин е легитимен, особено во време кога СДСМ не штеди ресурси и црнила во пропагандната преткампања. Немам информации, но сепак би се осмелил да ја лансирам претпоставката дека Мицкоски, иако веројатно задоволно се смешка после овој убав подарок, сепак не е тој што го организирал објавувањето на снимката. Мислам дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ има план кога ќе стартува со жестоката кампања, којашто секако ќе подразбере и пуштање „бомби“ и компромитирачки материјали, ама според тој план црвеното копче веројатно ќе се притисне малку подоцна, со наближувањето на изборите. Но ете, да не се правам многу паметен, ќе ја оставам отворена и можноста ВМРО-ДПМНЕ ја детонирала оваа бомба, од некакви свои причини…
Да не го тупиме…
Ако мене ме прашате, јас мислам дека сепак не треба многу да го тупиме, што би рекол нашиот славен бегалец во Пешта, туку да ги следиме фактите и логичните претпоставки.
Факт број 1: „Бомбата“ за Камчев се пушта непосредно по неговото сведочење, во кое тој го заштити Заев, но ги засили обвинувањата кон Катица Јанева и кон Бојан Јовановски, а посочи и на други рекетирани лица. Следствено на тоа, претпоставка број 1: Детонацијата на „бомбата“ на Камчев може да биде подигање на влогот од страна на осомничените во „Рекет“, односно нивна порака дека ако тие горат, ќе горат и Заеви. Добро информирани луѓе раскажуваат дека во опкружувањето на премиерот оваа „бомба“ често се емитувала меѓу блиски на осомничените, па и меѓу новинари кои сега ревносно се ангажирани во нивната одбрана во јавноста, што ќе рече не е исклучено некои од нив и да ја поседувале снимката.

Факт број 2: Следи неизвесно сведочење на Ана Камчева. Претпоставка број 2: Полезно би било јавно да се дискредитира сведочењето на Орце Камчев, за да се оспори целокупната верзија на брачниот пар Камчеви.
Факт број 3: Клучни ќе бидат сведочењата на осомничените Јанева и Јовановски, но и на сведокот Зоран Милевски Кичеец, кое може да биде дури и пресвртно. Осомничените природно страхуваат од опасноста процесот да заврши со високи затворски казни. Судството е под силен притисок да покаже дека е непристрасно и дека експресно и некако напрасно се „реформира“. Следствено на ова, логична претпоставка број 3: Мора итно да се испрати порака до Заеви дека доколку не успеат да го изменаџираат кејсот сега, во најчувствителната фаза, ќе бидат соочени во најмала рака со јавни сомневања за пазарење со Камчев.
Со свој камен по своја глава
Сите три претпоставки, всушност, конвергираат во една завршна теза, која е во позадината на оваа нова „бомбашка“ епизода – време било да се запали фитиљот и бомбата да се фрли токму во бункерот на Заеви. Сега, пред изборите, кога на сите им е јасно дека политичките штети по СДСМ ќе бидат огромни. И за штетите сега нема да бидеме виновни ни јас, суетниот новинар, ни оној „педер“, ни онаа „алчната“, ни Милчин, ни баба Перса… Виновни ќе бидат некои другарчиња, кои се решени да се спасат себеси, спасувајќи ги осомничените, па и по цена цехот да го платат Заеви.
Работава е, со свој камен по своја глава. Вака или онака, аферата „Рекет“ изгледа сепак ќе го определи исходот на овие избори. А сѐ можеше да биде поинаку…
ПС. Сите што не успеале „бомбата“ да ја преслушаат, нека го сторат тоа на другите портали. Почитувајќи го Кривичниот законик, Плусинфо не објавува нелегално и легално снимени разговори, освен во случај кога пренесува објавени материјали на официјални канали на други медиуми (како во случајот со „Ла Верита“), или кога тоа се презентира на официјални прес-конференции, како што беше случај кога Зоран Заев ги детонираше своите „бомби“.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Колумна

Ми се смачи веќе, кога ќе го читам името Никола Груевски со неговите статуси. Се до оној момент додека не го прифати таканаречениот "пржински договор" со кој доброволно се откажа од власта , ставав рака во оган за обој човек, бидејќи мислев дека е вистински патриот и заштитник на својот народ.

Груевски и Мијалков се виновниците поради кои денес лежат во затвор невини луѓе

Грешките кои ги направи Груевски кога не го притвори Зоран Заев и веднаш не го избрка...

Значи од 16 Министерства дури на 9 ( девет) се Албанци што произлегува дека од 25% ( доколку гласале сите гласачи ид 25% Албанци во Македонија) тие партипицираат дури со 60% или 220% повеќе од тоа што би било природно (25%) што е и договорено со таканаречениот Рамковен Договор.

Албанци декларирајте се како Македонци во Македонија

На фудбалските натпревари Македонија со Албанија да навивате за Македонија. Да ги...

Според последните статистики од 30 Април 2022 , Долгот на американската влада се зголеми за приближно 1,2 трилиони американски долари на годишно ниво на проценет вкупно околу 30,50 трилиони долари во 2021 година. За 2022 година, националниот долг на САД се предвидува да биде околу 31,83 трилиони американски долари.

Америка најзадолжената земја во светот, сеуште глуми супер нација со демократски вредности

Америка најзадолжената земја во светот сеуште глуми супер нација со демократски вредности. Американскиот...