Тој додава дека ова се случува во ист ден кога во Општината било отворено полициско одделение за прв пат после 30 години.

Објавил: Весна Петровска | 22 јуни, 2019 13:04

БОМБАТА ПОПУШТИ: Дудуш вели дека е хајка, но не одрече дека не го знае човекот кој бил тепан

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

По вчерашната бомба за Курто Дудуш, градоначалникот на Шуто Оризари во ниту еден момент не демнатираше дека тоа не е неговиот глас и признава дека го знае човекот кој бил тепан и дека заедно биле на истата таа дата.

Исто така киднапираниот и тепаниот човек и да бил поранешен осуденик, тоа не му ги ускратува човековите права и правото на физички интегритет.

Еден ден можеби и Курто Дудуш ќе биде поранешен осуденик, па тоа не значи дека некој ќе има право да го киднапира и да го тепа.

По „бомбата“ градоначалникот на Шуто Оризари, Курто Дудуш, најави пријава поради објавената снимка од страна на порталот „Лидер“.

Градоначалникот на Општина Шуто Оризари, Курто Дудуш

Градоначалникот на Шуто Оризари во изјава за Фокус тврди дека станува збор за монтирана сминка која, според него, се користи во функција на политичка хајка со цел нарушување на неговиот углед.

„По повод вчерашната аудио-снимка објавена од т.н новинар Љупчо Златев на која тврди дека се слуша мојот глас, сакам да му порачам, неговото новинарство и професионалност е познато веќе од одамна на пошироката јавност. Со континуирано вклучување во монтирани политички хајки против мене нема да стане поугледен новинар, туку само ќе заработи соодветна пријава за нарушување на углед и чест. Соработката со криминалци од калибарот на Сенат Јашар, поранешен осуденик за вооружен грабеж и осомничен за ред други случи на насилство и нарушување на јавен ред и мир, нема да му донесе новинарски поени бидејќи од такви лица може да добие само монтирани аудио снимки. Да имало вистина во снимката, ќе имало повредени, лекарско уверение, случај!“, вели Дудуш за Фокус.

Тој додава дека ова се случува во ист ден кога во Општината било отворено полициско одделение за прв пат после 30 години.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.