Поздрави до вас премиере и на оние кои живеат таму и гласаа за тебе.

Објавил: Перо Милчин | 31 мај, 2019 17:19

„Бомбашот Чека”немилосрден кон ЗАЕВ: „Двајцата ќе седнеме во суд, сме сториле исто ЗЛОСТОРСТВО„

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

„Авторот на бомбите” Ел Чека на неговиот профил го спомена премиерот Заев и рече дека ќе се врати во Македонија, само ако седне пред судот заедно со него.

Ел Чека на својата последната објава на Фејсбук му се обрати и на премиерот Зоран Заев. Тој го поздрави премиерот и сите оние што гласале за него. Чека напиша дека е подготвен да се врати во државата што премиерот ја крадел од нас граѓаните и да излезе пред правдата, но под еден услов, само ако и двајцата седнат пред судот ,бидејќи и двајцата сториле истото злосторство.

„Поздрави до вас премиере и на оние кои живеат таму и гласаа за тебе. Што се однесува до тужбите што се подигнаа против мене поради објавувањето на некои од прислушувањата на твоите колеги од владата, јас сум подготвен да се вратам во државата што вие ја крадевте од нас и да излезам пред правдата, но под еден услов: Ако и двајцата седнеме пред судот ,бидејќи и двајцата сме го сториле истото злосторство, пред неколку години вие, а сега јас! Ако сакаш да си играме тогаш да почнеме да играме, бидејќи мојот тренер има тактика што не знае што е да губење! Бог да го благослови Америка”, напиша Чека.

Телефонскиот разговор меѓу Али Ахмети и екс министерот Муса Џафери во кој двајцата наводно договараат вработувања во Секретаријатот за Рамковен во владата е 14-ти по ред разговор кој осамна на овој фејсбук профил.
Претходно беше објавен разговор меѓу поранешните министри за внатрешни и правда во кој Јанкулоска и Беџети разговараат за екстрадиција на осуденик од Косово а се споменува и случајот „Монструм“. Од МВР и Јавното обвинителство велат дека е познат идентитетот на објавувачот на прислушуваните разговори и се бара меѓународна помош за негово пронаоѓање.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Фејсбук

Само неколку недели откако напиша статус во кој вели дека ќе даде се од себе во борбата против ВМРО-ДПМНЕ и луѓето блиски до партијата, Павле Богоевски вети дека ќе штрајкува со глад и гол и бос ќе седи пред Основниот суд во Скопје.

ПАВЛЕ БОГОЕВСКИ ЌЕ ШТРАЈКУВА СО ГЛАД ДОДЕКА НЕ СЕ ВРАТИ МИЈАЛКОВ ВО ЗАТВОР!

Не е лесно да се биде борец за правда во Република Македонија, но некој мора. Павле Богоевски...

Нападот врз полицијата на Косово и ЕУЛЕКС, како и сите акти кои водат кон ескалација на ситуацијата се неприфатливи, напиша вечерва министерот за надворешни работи Бујар Османи на својот фејсбук профил.

Бујар Османи се огласи за состојбата во Косово

Со голема загриженост ја следиме состојбата на северот на Косово. Нападот врз полицијата...

Свети Климент Охридски е продолжение на духовната и хумана дејност на светите Кирил и Методиј за описменување на народот.

Честитка по повод празникот Свети Климент Охридски од Христијан Мицкоски

Дозволете ми во мое лично име и во име на ВМРО-ДПМНЕ на граѓаните на Република Македонија...