На Јутјуб канал со име „Fenix A1“, во текот на изминатата ноќ, се објавени две „бомби“ кои објавувачот ги насловил „Вистината за А1“. Не е наведен периодот од кога потекнуваат телефонските разговори, но содржината алудира дека е од периодот на затворањето на А1 ТВ.

Објавил: Владо Марин | 8 октомври, 2020 12:12

„Бомби“ за затворањето на А1 ТВ: Објавувачот тврди дека се слушаат Груевски, Јанкулоска, Шврговски, Латас…

Фото/Текст извор: ©360 stepeni

По пауза од неколку месеци, по завршувањето на изборите, на Јутјуб повторно се појавија снимки од разговори од поранешни функционери. Новите „Бомби“ се насловени „Вистината за А1“

На Јутјуб канал со име „Fenix A1“, во текот на изминатата ноќ, се објавени две „бомби“ кои објавувачот ги насловил „Вистината за А1“. Не е наведен периодот од кога потекнуваат телефонските разговори, но содржината алудира дека е од периодот на затворањето на А1 ТВ.

Првата „бомба“ е во траење од 3 минути и 52 секунди и во неа, тврди објавувачот, се слушаат гласовите на експремиерот Никола Груевски, поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и тогашниот јавен обвинител Љупчо Шврговски. Тие зборуваат за случајот „Пајажина“ во кој беа обвинети Велија Рамковски, членови на неговото семејство и раководствата на неговите фирми од „Перо Наков“!

Женски глас: Ало. Добро вечер, ај да ве спојам со премиерот повторно, ајде.

Јанкулоска: Ајде

Груевски: Горде, да прашам вака твое мислење со Љубчо Шврговски сме заедно. Нешто си правиме муабет вака за ова со „Пајажина“. Зошто не се одеше со собирање на парите од сметка што ги должи он?

Јанкулоска: Ама они, ни сега не им се земени парите, они само ги блокираа пошто не може одма да ги земат.

Груевски: Епа он прашува зошто ги блокираа а не одма да им ги повлечат парите со извршно решение нешто или не знам …

Јанкулоска: Па немаше извршно, може само со даночно …

Груевски: Еве ќе ти го дадам.

Шврговски: Ало Горде здраво. Види знаеш што ми е, мислам сега веќе е касно, но мислам дека направивме една грешка во чекори. Ние мислам дека лошо направивме што ги блокиравме тие пари, сеа мене не ме прашаа за совет. Ние имавме од Управа решение со кое што он беше задолжен да ги плати тие пари, 7 милиони, колку има тамо, евра ли, според УЈП …

Јанкулоска: Да, да, да

Шврговски: Епа зошто не го активиравме ние тоа решение, фирмата ќе не можеше во рок од 45 дена да плати и во стечај ќе ја фрлевме.

Јанкулоска: Знаеш што мислам Љубчо, зашто Управа не го активираше. Зошто они ако наплатат даночен долг, после не можеш да ги гониш за истото дело.

Шврговски: Не е точно, не е точно!

Јанкулоска: Така тврдеа они, мислам дека е заради таа логика.

Шврговски: Ма тоа е нон сенс Горде, тамам работа. Плаќањето на должност не го ослободува од кривична одговорност, таман работа …

Јанкулоска: Они мислам дека по таа логика не им го наплатија даночниот долг …

Шврговски: Не не, грешка. Надвор од памет е. Тоа е само основа за поблаго казнување, но не и за амнестурање на одговорност кривична

Јанкулоска: Епа мислам дека по таа логика одеа

Швргоски: Не, не, грешка, тоа е неиздржано

Јанкулоска: Можно е да сме направиле грешка, се случува

Шврговски: 100%

Јанкулоска: Во неколку наврати вака со Горан кога сме збореле, они цело време збореа ’абе да не им наплатиме нели она со 70% да не им ги легализираме парите‘

Шврговски: Ааа според Закон за спречување корупција.

Јанкулоска: Па не знам по кој закони они идат пошто фактички 70% ако платиш веќе ти се легални. И они цело време одбиваа да го извршат тоа даночно решение

Шврговски: Не, мислам дека тука направивме грешка али добро

Јанкулоска: Епа можно е да сме направиле грешка, но мислам дека тоа им беше на нив

Шврговски: Не тоа не ја исклучува одговорноста, кривичната одговорност не, во никој случај. Мислам зборувам од искуство од пракса, од тоа како постапуваме

Јанкулоска: Да де да, нормално ти имаш повеќе од сите други искуство во овој дел, меѓутоа мислам дека таа логика им беше, за дирекната наплата

Шврговски: Добро, мислев знаеш да не биде толку експонирано и ова напаѓањево од странциве дека еве се врши атак на телевизија. Можеше многу елегантно, не ви замрзнуваме сметки платете го ова, не го плаќате – во стечај фирмата, ајде сега што ќе зборите … Ме разбираш? Нема аргументи што ќе зборите? Нема аргументи, ајде платете ги парите должите, треба да ги платите. Крај, не може да ги плати – во стечај

Јанкулоска: Да де да, ама и некако тогаш околу сумите мислам они некако не беа сигурни, нели имаше еден дел проверена документација, другиот непроверена. Па знаеш како, она малку несигурно дали е повеќе или помалку сумата, иако они цело време викаа дека повеќе ќе дојде и најверојатно било сплет на повеќе околности. Но, главното мислам дека им беше ова со 70% нели ако наплатиш после фактички влегуваат во легалниот систем парите

Шврговски: Јасно, јасноо, добро Горде. Поздрав

Јанкулоска: Ајде поздрав

Во втората бомба од 7 минути и 2 секунди, пак, исто така станува збор за А1 ТВ, а во неа според објавувачот разговараат новинарот Драган Павловиќ Латас и Горан Трајковски како директор на Управата за јавни приходи. Во разговорот се слуша како тие разговараат за да се побара стечај на А1 ТВ, а Латас зборува како е подобро да се направи!

„Мислам дека да им се одзема роба, предаватели … тоа е многу глупа работа зошто они тоа ќе го снимаат, ќе прават театри, све. Мислам дека треба да си има стечаен кој сабајлето ќе им даде по закон отказ на сите. Ќе запосли два пожарникара, четири сниматела и тројца обезбедување и ќе кажам сите други во оваа просторија сте невработени од сабајле, да ве нема“ вели Латас во дел од разговорот.

Целиот разговор може да се слушне во снимката продолжение:

борам.

Магазин се оградува од содржината на објавениот материјал. Како портал го пренесуваме материјалот за информирање претходно објавен јавен интерес!

*Напомена: Магазин не одговара во однос на вистинитоста на материјалот, нема информација за времето кога тој е снимен, ниту содржината.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Скандал

„Фокус“ дознава дека блиска роднина на Арсовска, уште пред да „пукне“ скандалот, со Турците преговарала за милионскиот тендер на „Водовод и канализација“, објавува весникот.

Фокус открива скандалозни тендерски контакти на близок човек на Арсовска со турски понудувач за проектот од 137 милиони евра

Во текст со наслов „МИЛИОНСКИ ТЕНДЕР” неделникот Фокус открива скандалозни информации...

Хаос и тензии во Собранието кои кулминираа со физичка пресметка. Ескалираше кавгата меѓу пратениците од власта и нивните колеги од ВМРО-ДПМНЕ и Алијанса на Албанците кои сакаат да спречат да се донесе законско решение да не се парализира работата на судовите, Министерството за труд предлага продолжување на нивниот работен век до навршувањето 67 години со што би се продолжил работниот ангажман на 60 судии и 13 обвинители кои се на чекор до пензија.

(ВИДЕО) Милошоски повеќе пати удрен од Адеми, а погоден и со пластично шише вода фрлено кон него

Невиден скандал! Хаос и тензии во Собранието кои кулминираа со физичка пресметка. Ескалираше...

Овој инцидент докажува дека земјите членки на ЕУ мораат да ја заштитат и примат Македонија во своето заедништво имајќи ги предвид непријателските намери на соседните држави.

ОМД побара Рама да се извини за таканаречената шега „Иднaта Западна Бугарија“

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) – водечки глас за Македонците надвор од Македонија...