Имено, јавноста има право и треба да знае дали „АД ЕСМ“ наместо да се всели во новата зграда кој патем стои празна повеќе од три години, а воедно е и енергетски ефикасна, сега има намера да го купи делот на „ЕВН Македонија“ од старата зграда која е во близина на ГТЦ и тоа во висина од речиси 2 милиони евра?

Објавил: Весна Петровска | 10 јануари, 2020 14:18

„Бонбона бизнисите“ на СДСМ продолжуваат: АД ЕСМ купува руина од ЕВН за 2 милиони евра?!

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Јавноста има право и треба да знае дали „АД ЕСМ“ наместо да се всели во новата зграда кој патем стои празна повеќе од три години, а воедно е и енергетски ефикасна, сега има намера да го купи делот на „ЕВН Македонија“ од старата зграда која е во близина на ГТЦ и тоа во висина од речиси 2 милиони евра. ЕВН Македонија, минатиот месец со електронско јавно надавање како единствена компанија која се пријавила на аукцијата, ја купи од Град Скопје, Градската куќа за сума од 785.031.818 денари или 12,7 милиони евра. Само за потсетување, Градската куќа започна да се гради во времето на поранешниот градоначалник на Град Скопје, Коце Трајановски. За истата беа потрошени 20,5 милиони евра, а во неа требаше да се всели градската администрација, проект со кој трајно ќе беше решен еден од главните проблеми во главниот град, прашува Курир.мк

Откако редакцијата на Курир направи истражување, решивме тоа да го споделиме со јавноста.

Имено, јавноста има право и треба да знае дали „АД ЕСМ“ наместо да се всели во новата зграда кој патем стои празна повеќе од три години, а воедно е и енергетски ефикасна, сега има намера да го купи делот на „ЕВН Македонија“ од старата зграда која е во близина на ГТЦ и тоа во висина од речиси 2 милиони евра?

ЕВН Македонија, минатиот месец со електронско јавно надавање како единствена компанија која се пријавила на аукцијата, ја купи од Град Скопје, Градската куќа за сума од 785.031.818 денари или 12,7 милиони евра. Само за потсетување, Градската куќа започна да се гради во времето на поранешниот градоначалник на Град Скопје, Коце Трајановски. За истата беа потрошени 20,5 милиони евра, а во неа требаше да се всели градската администрација, проект со кој трајно ќе беше решен еден од главните проблеми во главниот град.

Овој објект има капацитет за 650 вработени, но актуелниот градоначалник, Петре Шилегов, тврдеше дека во Градската куќа собира само 350, но исто така тврдеше дека немаат договор со ЕВН Македонија за нејзина продажба, за подоцна да се утврди сосема спротивното. Градската куќа беше продадена за 12,7 милиони евра, речиси осум милиони евра помалку од нејзината реална вредност, се поставува прашањето дали ова е уште еден „бонбона бизнис“ на СДСМ?

Од извори блиски до Владата дознаваме дека „АД ЕСМ“ има намера да го купи делот на „ЕВН Македонија“ во старата зграда до ГТЦ, која безмалку личи на рушевина и за која на „АД ЕСМ“ ќе и требаат дополнителни средства за да ја реконструира и да ја доведе во функционална состојба.

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ тогаш тврдеа дека зад оваа продажба се крие голем криминал. Ирена Попова, советничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје рече дека Шилегов сака да го „почасти“ новиот купувач.

„Шилегов новиот купувач на градската куќа ќе го “почасти”, гратис земјиште и нула износ на комуналии“, изјави советничката од ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Град Скопје, Ирена Попова.“

Повеќе прочитајте ТУКА

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.