Тие годинава прославуваат јубилејни 30 години брак а се венчаа во 1989 година. Тие се заедно уште од средно училиште и Џови успешниот брак и го препишува токму на неа, како што вели на грижливата сопруга полна со разбирање.

Објавил: Катерина Крстиќ | 20 ноември, 2019 19:38

Бон Џови искрено за бракот: Не жалам што се оженив со неа, ја сакам повеќе од се

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Мега популарната рок ѕвезда и миленик на женската публика Џон Бон Џови и по 30 години брак се уште е лудо заљубен во својата сопруга Доротеа Хрли.

Со Доротеа Бон Џови има четири деца, ќерката Роуз и синовите Џеси, Џејкоб и Ромео.

Тие годинава прославуваат јубилејни 30 години брак а се венчаа во 1989 година. Тие се заедно уште од средно училиште и Џови успешниот брак и го препишува токму на неа, како што вели на грижливата сопруга полна со разбирање.

Бон Џови открива дека за него бракот е најдоброто нешто што му се случило во животот и е горд што успеале да го сочуваат бракот и да опстане љубовта која започнала пред 30 години.

– Со годините, нашата љубов е сѐ посилна. Кога ќе погледнам назад, бракот е дефинитивно најдобрата работа што ја направив. Триесет години заеднички живот е уште поголем успех ако се земе в предвоид дека нашиот почеток не ветуваше многу – раскажува фронтменот на легендарниот состав „Бон Џови“.

Бон Џови и неговата сопруга на почетокот од својата кариера

Доротеа и Бон Џови тајно се венчаа кога тој имаше 27-години.

– Кога се вратив од Лас Вегас, мојот менаџер полуде. Ми рече: Миленикот на Америка се ожени, тоа не е добар потег за кариерата. Ниту мајка ми не беше воодушевена. Многумина се обидоа да уништат нешто преубаво – вели Џон Бон Џови.

Сепак Џови открива дека тој и неговата сопруга биле многу среќни и открива дека најголемата потпора во животот и најголема поддршка уште од почетокот на неговата кариера.

– Доротеа и јас бевме навистина среќни. Таа е моја потпора, карпата во моето семејство и во мојата кариера. Благодарен сум што во животот имам таква личност во која имам доверба и која навистина многу ја сакам – вели тој.

Интересно за нив како пар е тоа што Доротеа секогаш го следи на турнеите и го бодри својот сакан.

– Таа го држи нашето семејство заедно. Јас сум луд визионер околу кого лета сѐ, шевовите се распаѓаат, а таа ме следи со конец и игла за сѐ да биде беспрекорно – нагласува американскиот гитарист и пејач.

Џови вели дека е среќен поради неговиот семеен живот и е исполнет со својата сопруга и децата.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.