Почитувани пријатели, Вашата искрена поддршка во времето кога јас минував низ своето најголемо искушение ме направи посилен и на крај успеав да се исправам пред големата неправда.

Објавил: admin@magazin | 27 април, 2019 14:14

БОРБАТА ЌЕ ЈА ДОБИЕМЕ НА КРАЈОТ: Игор Дурловски со отворена поддршка за Гордана Силјановска!

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Игор Дурловски, македонскиот оперски пејач, кој беше и еден од осомничените за случувањата на 27 април, на социјалните мрежи даде отворена поддршка за кандидатот за претседател од ВМРО ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова !

Дурловски на социјалните мрежи напиша статус во кој изразува отворена поддршка за кандидатот за претседател од ВМРО ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова. Тој напиша дека чувствува и верува дека борбата за Македонија треба да се префрли на друго ниво, надвор од сите хиерархии кои се ранливи сами по себе, и далеку од сите методи и идеи. Тој наведува дека со секојдневна борба на секое поле Македонија ќе успее.

Дурловски тврди дека прво мора да се подобриме самите себе си и мора да ги натераме најблиските да се подобрат, а исто така дека треба да ги оставиме најпаметните да не водат кон подобра иднина. Тој изрази голема благодарност до сите пријатели кои го поддржуваа во времето кога тој и неговото семејство поминувале низ своето најголемо искушение, а тоа го направило многу посилен и на крај успеал да се исправи пред големата неправда која му била нанесена. Тоа му ја вратило вербата во себе и се чувствувал горд, што сите Македонци се заедно во вакви моменти.

Во продолжение ви го пренесуваме Фејсбук статусот на Игор Дурловски:

Што можев, што сторив, што треба да сторам?

Драги пријатели, знаете каде бев дента кога ни го променија ИМЕТО? Дома, пред телевизор. Гледав директен пренос.
Што можев да сторам? Многу! Можев со лична саможртва, симболичен акт на отпор, додека ме држи свест да пробам…можев да излезам ,,пред тенковите”, да се ,,качам на споменикот и самозапалам”, можев да… што сторив?
НИШТО.
Затоа што разумот го бираше патот кој нема да ја загрози мојата слобода( процесот за настаните од 27ми април беше во тек) , моето семејство, моето/нашето здравје… свесен дека со тоа нема ништо да променам, но човек сум и човечки е во таква состојба да го користиш разумот.

Што можевте, што сторивте, што требаше да сторите Вие? Можевте да не ја прекинете борбата додека ве држи и последниот атом сила. Можевте по цена на вашата безбедност да останете на улиците во огромен број но разумот ви кажа дека е надвор од секоја прифатлива логика да се продолжи на ист начин, со ист метод. Го послушавте.

Магичната интерпретација на музиката на Дурловски е забележлива уште од неговото деби во 1999 година. Од тогаш тој станува миленик на својата матична публика во Македонија, која безрезервно го наградува гласот кој со големина и карактер го изведува белканто репертоарот на Гаетано Доницети, Винченцо Белини, Џоакино Росини, лириката и драматиката на Џакомо Пучини, како и херојските улоги од рускиот и францускиот репертоар.

Почитувани пријатели, Вашата искрена поддршка во времето кога јас минував низ своето најголемо искушение ме направи посилен и на крај успеав да се исправам пред големата неправда. Ми ја вративте Вербата и горд сум што сме Македонци заедно. Ми влевавте надеж кога ја губев истата. Сега, редот е јас да Ви опишам што чувствувам јас.
Чувствувам и верувам дека борбата за Македонија треба да се префрли на друго ниво, надвор од сите хиерархии кои се ранливи сами по себе, далеку од сите познати методи и идеи, бидејќи е ПОГОЛЕМА. Само со секојдневна борба на секое поле, до најситен детаљ, за секој Македонец; ,,борба за совршенство”, борба за иднина. Мораме да се подобриме самите, мораме да ги натераме најблиските да се подобрат, мораме да ги ставиме најпаметните, најучените, најиздржливите…да не водат. И таа борба да се води секаде околу нас.

И дотука знам дека ќе се сложиме.
Со еден дел, навидум ни се разединуваат патиштата околу начинот на делување а сакам што поскоро да се најдеме пред целта.

Убеден сум дека кандидатот професорката Силјановска- Давкова е личност со интегритет , знаење, искуство, истрајност, смиреност и верувам дека со сигурност ќе ја подобри состојбата а борбата за Македонија ќе биде во предност, а не во загуба.

Ве повикувам освен разум, да најдеме и верба. Денешната саможртва можеби подразбира нијансирање на нашите ставови. Моето чувство ми вели дека нашата борба ќе ја добиеме на крајот. Мојот разум ми кажува дека истата ќе ја добиеме ОБЕДИНЕТИ.

Оперскиот пејач Игор Дурловски пред еден месец беше ослободен од обвиненијата за случувањата од 27 април. Кривичниот суд донесе одлука со која тој се ослободува од кривичното дело тероризам кое му се ставаше на терет.
Трошоците за постапката која се водеше против него, за неговите адвокати, оди на терет на Буџетот на Република Македонија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.