Доколку биде направена таква грешка тогаш не треба да се лутиме за проблемите што ќе настанат – што ќе има џихадисти, влијанија од Русија, Турција или Кина.

Објавил: admin@magazin | 17 октомври, 2019 19:10

БОРИСОВ: „Би се направила историска грешка ако ЕУ ги одбие Македонија и Албанија„

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Република Македонија и Албанија треба веднаш да добијат датум за преговори. Би се направила историска грешка ако не им допуштиме да ги почнат преговорите, изјави денеска бугарскиот премиер Бојко Борисов пред почетокот на состанокот на лидерите на ЕУ на кој треба да се расправа и за проширувањето на Унијата.

Бугарскиот премиер Бојко Борисов пред почетокот на состанокот на лидерите на ЕУ, изјави дека ќе биде тежок удар за народите на двете држави кои заслужуваат да им биде дадена евро перспектива. 

– Доколку биде направена таква грешка тогаш не треба да се лутиме за проблемите што ќе настанат – што ќе има џихадисти, влијанија од Русија, Турција или Кина. Тој вакуум не може да опстојува и ќе мора да биде пополнет од некој друг и тоа не е добро за Бугарија, истакна претседателот на бугарската Влада.

–Република Македонија според население и територија е колку Софија и каков ризик може да биде? Таа е како мал европски град и не е во ред да си го покажуваме карактерот против нив. Не сум согласен со тоа. Но, многу од големите европски држави имаат внатрешни проблеми и најлесно е да најдеш надворешен непријател на кого ќе ја префрлиш вината, изјави Бојко Борисов.

Пред почетокот на Европскиот совет во Брисел, францускиот претседател, Емануел Макрон, при пристигнувањето во Советот им се обрати на новинарите и во таа пригода не кажа ништо за прашањето за проширувањето и датумот за почетокот на преговорите, кое ќе биде една од точките на Самитот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести